Железничкиот сообраќај во прекин

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин. 

Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт" требал да го добие заклучно со вчера.

Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.

Чакаровски објаснува дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Во петокот ѝ донел букет со 36 ружи, по два дена ја избодел со 200 убоди со нож

Нов случај на фемицид ја шокира Белгија, откако е откриено дека била убиена медицинска сестра со повеќе од 200 убоди.

Вероника Нобус (36) била пронајдена во локва крв во нејзината куќа во Ноке-Хајст, а за убиството е уапсен нејзиниот поранешен партнер Јирген М.(41).

Како што пишуваат белгиските медиуми, Вероника со насилникот била во врска околу две години. Сепак, таа решила да му раскине поради неверство пред една година, но тој тоа не можел да го прифати.

Во неделата навечер ја чекал пред стадионот на кој Вероника била на натпревар. Подоцна истата ноќ околу полноќ се појавил пред нејзиниот стан. Соседите ги слушнале како се расправаат на улица, а околу два часот по полноќ слушнале бучава.

По убиството, Јирген му се јавил на својот брат, кој ја известил итната помош. Јирген набрзо бил уапсен.

Не е јасно за што се расправале, но употребеното насилство покажува, според експертите, многу потиснат гнев на Јирген М.

Според психијатарот Руди Верелст, големиот број убодни рани укажуваат на напад кој бил извршен под влијание на интензивни и неконтролирани емоции.

„Сторителот продолжува да ја прободува жртвата, заради задоволство од прободување. Гневот мора, така да се каже, да се изгасне“, објаснил тој.

Обдукцијата покажала дека Вероника имала повеќе од 200 убоди.

Медиумите јавуваат дека осомничениот во петокот ѝ донел на Вероника букет од 36 рози, за два дена подоцна брутално да ја убие.

Истрагата продолжува, а тој останува во притвор.

Жена од Солун до смрт ја искасале кучињата на соседот: Почина во прегратка на синот

Потресно сведоштво на поранешниот сопруг на педесетгодишната жена, која кучиња ја растргнаа во Неохоруда, Солун.

Тој претходно изјави дека несреќната жена починала во прегратките на нејзиниот најстар син Димитрис, пренесува „Прототема“.

„Децата беа дома и не разбраа што се случи. Им се јавив, ги известив и излегоа“, рече Стергиос Куцувалоглу, додавајќи дека „најстариот син ја држел во раце, а рацете му биле облеани во крв.“.

Кучувалоглу, исто така, рече дека никој не можел да има поим за нејзината смрт, отфрлајќи го тврдењето на адвокатот на сопственикот дека кучињата биле мирни.

„Сите се плашеа од нив, сите знаеја. Питомите кучиња не напаѓаат“, рече тој.

Во Неохоруда, Солун продолжува жалоста за несреќната 50-годишна жена која вчера попладне го загуби животот во напад на три кучиња. Роднините и пријателите ја опишуваат несреќната жена, мајка на две момчиња (18 и 17 години) како многу активна личност која преку социјалните мрежи учествувала во многу доброволни акции за поддршка на лица со финансиски проблеми.

Нејзината пријателка Софија Аргиропуло изјавила дека несреќната Елизабета секогаш се плашела од овие кучиња.

"Не требаше да замине... Елизабета е родена за да им дава на соседите. А сите овие луѓе на кои им помогна сега плачат", рекла таа меѓу другото.

Шокантни се наодите од вештачењето на телото на 50-годишна жена која починала вчера попладне, откако ја нападнале три кучиња, во дворот од нејзината куќа, во солунската населба Неохоруда.

Според protothema.gr, резултатите од обдукцијата покажуваат дека жената претрпела десетици каснувања по целото тело. Карактеристично е што само на едната рака се чини дека добила повеќе од десет каснувања од трите кучиња.

Потсетуваме, 37-годишниот сопственик на три кучиња е уапсен за незамисливиот случај и обвинителот против него поднесе кривична пријава за убиство од небрежност со можна умисла, поради тоа што не ги презел сите неопходни мерки за обезбедување на кучињата во дворот.

„Не можев да предвидам дека кучињата ќе отворат дупка и ќе излезат од дворот“, тврдел пред обвинителот 37-годишниот сопственик на трите кучиња.

„Оградата беше во ред, освен што кучињата отворија дупка до точка што не можев да ја видам“, рече тој.

37-годишникот тврди дека „кучињата биле дресирани и немале агресивно однесување.

Според бранителот на 37-годишниот Христос Патуна, неговиот клиент е уништен од трагичниот инцидент и изразува длабока тага поради загубата на жената.

Хоророт се случил вчера околу 14 часот и 30 минути. Трите кучиња, за кои се вели дека се питбули, побегнале од својот сопственик, дошле во дворот на куќата и ја нападнале несреќната жена, искасувајќи ја до смрт.

На местото на настанот била повикана брза помош која констатирала смрт, а по инцидентот полицијата го уапсила сопственикот на кучето и започнала истрага.

Објавила фотографија од ресторан, па се шокирала кога ѝ стигнала сметка од 58.000 евра

Жена од Кина останала шокирана кога во ресторан во Кунминг добила сметка во износ од 430.000 кинески јуани или 58.000 евра.

Сепак, ресторанот не бил виновен и таа набрзо сфатила каде згрешила.

Жената нарачала неколку локални специјалитети во друштво на пријатели, па решила да направи селфи во ресторанот и да ја објави фотографијата на WeChat, кинеската верзија на Инстаграм. Но, таа не била свесна дека на фотографијата се гледа QR кодот на ресторанот, а нејзините следбеници решиле да се пошегуваат, па го скенирале кодот и почнале да нарачуваат храна.

Тие порачале вкупно 1850 порции патки, 2580 порции лигњи и 9990 порции ракчиња. Кога сфатила што се случило, ја избришала објавата, но нарачките продолжиле да пристигнуваат во ресторанот.

За среќа, ресторанот не ѝ наплатил, а за да не се повтори слично, вовеле нов систем со кој клиентите можат да нарачаат храна користејќи го кодот QE само доколку се во непосредна близина на ресторанот.

притисни ентер