Земен брис од сите 60-тина македонски државјани кои ,,завршија“ во карантин

На шеесетината патници кои вчера од Авганистан допатуваа во земјава утринава им бил направен тест за коронавирус.

При првиот преглед ниту еден од нив не покажал симптоми на вирусот, но додека не ги добијат резултатите, тие ќе останат во државен карантин во хотел во Скопје, каде што вчера , за разлика од денеска кога е мирно, владееше тензична атмосфера поради револтот на патниците и нивните семејства..

Шеесетината граѓани кои се сместени во овој хотел со нетрпение ги чекаат резултатите од тестирањето, велат дека пред да допатуваат во земјава не биле известени од надлежните власти дека ќе бидат сместени во државен карантин. Тие во меѓувреме со своите најблиски комуницираат преку прозорците.

Патниците доаѓаат од американска база во Авганистан, но беа задржани во карантин поради тоа што надлежните институции во земјава добиле информации дека дел од нив се позитивни.

Еден од патниците, Срѓан Николоќ во телефонски разговор за Канал 5 тврди дека пред да дојдат во Македонија во базата во Авганистан им била направена епидемиолошка анкета, по што на сомнителните не им било дозволено да патуваат... Вели дека биле изложени на уште поголем ризик за зараза бидејќи биле држени повеќе од три часа во автоубост со кои биле транспортирани од аеродромот до хотелот. За него е нејасно како надлежните дошле до информацијата дека има некој заразен во авионот, но и тоа зошто им бил наплатен ПЦР тестот кој им бил направен утринава.

“ Баш би сакал да прашам според кој закон не држат нас како затвореници како да имаме криминални досиеа. Сабајле бевме тестирани од екипа од Систина исто така против наша волја, тестовите ни беа наплатени, бидејќи никој со нас нема денари доаѓаме од друга држава, тестовите ни ги наплатија по странска валута, 70 долари. Исто така имаме ифнромации кога порано беа правени тестови во државен карантин тестовите биле плаќани од самата држава. “,Сраѓан Николиќ – повратник од Авганистан.

Патниците на скопскиот аеродром од Авганистан преку Дубаи пристигнале вчера попладне... Во авионот со кој патувале имало и неколку повратници од Косово, за кои тврдат дека без никаков проблем си заминале дома, додека тие биле принудени наместо по шест месеци отсуство наместо дома да заминат во карантин. Од Минисерството за здравство велат дека откако ќе се добијат резултатите од тестот, епидемиолозите ќе одлучат за понатамошните чекори.

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проект

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја.

Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова беше истакнато на денешниот настан на кој се потпиша Меморандумот за соработка за примената на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во нашата земја, на кој присуствуваа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕБОР во нашата земја, Фатих Туркменоглу, како и дел од тимовите на централната банка и на Канцеларијата на ЕБОР.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари за довербата укажана од ЕБОР, којашто одлучи централната банка да биде предводник на проектот и да гради мостови помеѓу јавниот и приватниот сектор за зголемување на финансиската вклученост на жените, што ќе придонесе за отворање нови бизниси и работни места и за придвижување на економскиот раст.

„Поддршката на бизнисите предводени од жени е клучна во борбата за родовата еднаквост. Централната банка активно ќе работи на едуцирање на корисниците на кредити за можностите и обврските коишто давателите на кредити ги имаат кон нив, како и за обезбедувањето податоци за кредитирање на компаниите предводени од жени, што ќе придонесе за подобар пристап на жените претприемачи до финансии. Последната анкета на Националната платформа за женско претприемаштво „Барометар за женското претприемаштво од 2023 година“ покажува дека околу 40% од жените сметаат дека немаат доволно поддршка во смисла на советодавна платформа и грантови за поддршка на нивниот бизнис. Исто така, повеќе од половината сметаат дека или немаат доволен или немаат соодветен пристап до финансии, а речиси 88% од жените претприемачи посочуваат дека со сопствени средства или со заем од семејството и пријателите го почнуваат својот бизнис. Преку овој проект сакаме да направиме разлика и да го свртиме вниманието кон овие политики коишто може да придонесат кон побрз економски раст и развој“, истакна гувернeрката Ангеловска-Бежоска.

„Промовирањето на родовата еднаквост е еден од трите стратегиски приоритети на ЕБОР, при што клучна улога игра поддршката на жените претприемачи. Кодексот за финансирање на жените претприемачи е исклучително добра можност да ги насочиме тековните напори во оваа област и особено сме задоволни за тесната соработка со Народната банка на ова поле“, истакна претставникот на ЕБОР во нашата земја, Туркменоглу.

Народната банка и ЕБОР се обврзаа дека во иднина ќе работат на зголемување на бројот на потписници на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во земјава, вклучувајќи ги и носителите на политиките, давателите на финансиски услуги и други надлежни субјекти со цел се обезбедат податоци за фирмите на жените претприемачи и да се промовира неговата употреба при осмислувањето на политиките и производите за микро, малите и средните претпријатија предводени од жени.

Нов мурал во Скопје, почнува 19. АКТО Фестивал за современи уметности

 Почнува 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, кој ќе се одвива во текот на целата година во организација на здружението Факултет за работи што не се учат - ФРУ. 

Ќе бидат промовирани повеќе мурали на кои работат тројца млади уметници, а е предвидено да се изработат низ различни градови во државата, опфаќајќи тематики во духот на солидарноста на заедницата.

Првиот мурал, кој е веќе завршен, се наоѓа во Скопје на зградата бр.33, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“. Муралот денеска ќе биде промовиран, а на него работеа уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски.

Како што информира Здружението Факултет за работи што не се учат - ФРУ, на зградата бр.33, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од пред околу 30 години беше ставен голем рекламен материјал, кој заедно со фасадата веќе одамна беа во разрушена состојба.

- Идејата зад овој мурал не беше само да се обнови фасадата на зградата, ниту пак во фокусот беше да се претстави само визуелно решение, туку да се создаде потсетник за важноста на солидарноста во општеството. Играта со архитектурата е замислена да оствари директна комуникација со самите случајни минувачи во секојдневието - тие коишто се упатени кон (или пак заминуваат од) работа, училиште, факултет, пазарување, прошетки. Mинувачи пронајдени во самиот визуелен изглед на муралот што ја носи главната порака која гласи: „Големината на заедницата најпрецизно се мери преку солидарните постапки на нејзините членови“, се вели во соопштението.

Наведуваат дека оваа порака е од Корета Скот Кинг (авторка, активистка и лидерка на граѓански права) и се упатува кон многуте заедници кои го оформуваат разновидниот карактер на општеството.

Според нив, неслучајно оваа мисла е носечката порака на првиот мурал, таа служи како потсетник дека токму членовите се одговорни за градењето на меѓусебно разбирање, толеранција и заеднички борби за создавање подобри и поздрави услови на живеење.

Новото 19-то издание на АКТО, како што соопшти организаторот, продолжува на линија на минатогодишното издание на АКТО 18 „Јавни простори во движење (кон) II“. Во рамки на фестивалот се предвидуваат повеќе настани во земјава и во странство.

притисни ентер