Заев за хрватскиот неделник Национал: Македонците избраа концепт кој води напред во Европа

Претседателот на СДСМ Зоран Заев за хрватскиот неделник Национал: Македонците избраа концепт кој води напред во Европа, ги отфрлија автократскиот режим и неправдите на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за хрватскиот неделник Национал оцени дека на предвремените парламентарни избори во Република Македонија победи демократскиот и европски концепт на СДСМ, концепт кој води напред кон Европа, кон сигурна иднина, кон правда, кон уште поголема слобода на граѓаните, наспроти концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој е автократски, режимски, за враќање назад во изолација, во опасност и неизвесност.

„Граѓаните тоа го препознаа и не дозволија државата да се враќа назад, туку на денот на изборите дадоа правец да продолжиме напред кон нови успеси. ВМРО-ДПМНЕ водеше исклучиво нечиста, црна, негативна кампања базирана на лаги, на конструкции, сеење страв меѓу народот и на теми на кои неколку пати беа поразени во минатото. Тие не објаснуваа што ќе направат за да ги зголемат платите, туку го плашеа народот со лаги дека ќе се федерализирала земјата, нешто за што народот добро знае дека ниту се случи, ниту се случува, ниту ќе се случи. Во нивната кампања видовме фрустрација, а не понуда. СДСМ како и досега, така и на овие избори водеше доминантно позитивна кампања за промоција на досега сработеното, но пред се презентација на решенијата од новата програма преку кои државата продолжува напред и за промоција на нашите кандидати за пратеници кои ќе обезбедат реализација на нашите решенија", вели претседателот Заев, за хрватски Национал и додава дека фејк-њуз политиките на ВМРО-ДПМНЕ доживеаја уште еден пораз.

Во тој контекст, претседателот на СДСМ потенцира дека граѓаните сакаат конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат нивните потреби, сакаат планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата и зато ана ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно дека довербата од граѓаните се добива само со конкретни мерки и проекти.

Во однос на идните коалицирања, претседателот Заев во интервјуто за Национал оценува дека СДСМ има убедливо најголем коалициски потенцијал.

„Мандатот за формирање нова Влада е кај СДСМ и коалицијата „Можеме". Веднаш по празникот Илинден кој е на 2 август, влегуваме во процес на преговори за идно коалицирање и формирање состав на Влада. Со политиките кои ги водиме и со чесниот и одговорен однос, СДСМ има убедливо најголем капацитет за коалицирање. ВМРО-ДПМНЕ е поразена партија која демонстрира политики кои се спротивни од севкупниот демократски амбиент и од демократскиот правец кон кој неповратно се движи државата. СДСМ е голема, широкограда и отворена партија и ќе разговараме за коалицирање со сите партии кои се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот, слободарскиот, напредниот, концептот и патот што Северна Македонија го оди како земја членка на НАТО. Структурите кои заговараат идеи различни од демократскиот и европскиот концепт, не може да бидат дел од идната владејачка коалиција водена од СДСМ бидејќи таквите конфликтни и ретроградни опции или се поразени или се маргинални", вели претседателот Заев за хрватскиот неделник Национал.

Претседателот Заев се осврна и на постигнувањата што Репуиблика Македонија ги направи во изминатиов период и оцени дека за само 30 месеци успеавме да реализираме нешто што не се случи цели 30 години, а беше стратешка заложба на граѓаните и на државата.

Членството во НАТО е завршена работа, исто е и со ЕУ, ние започнуваме преговори, влегуваме во процесот и наскоро ги отвораме првите поглавја.

Претседателот Заев оцени дека заслугите на хрватскиот премиер Андреа Пленковиќ и на Република Хрватска за нашиот напредок во ЕУ се навистина големи и со поддршката на Република Хрватска, Република Северна Македонија многу побрзо ќе го мине преговарачкиот процес.

Во однос на помошта што Република Северна Македонија ја добива од Европската Унија, претседателот Заев нагласи дека веќе добивме 160 милиони евра првична помош од Унијата за справување со коронавирусот, а со отворањето на поглавјата ќе се отворат и нови инструменти за финансиска помош, тоа ќе бидат сериозни средства со кои ќе ги зајакнеме капацитетите во борбата против коронавирсуот, но и пари со кои ќе донесеме европски стандарди дома.

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер