​Заев од Радовиш: Нашата понуда нуди нова развојна економија

 „Се обврзуваме за четири години да обезбедиме 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.“

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш ќе се сретна со претставници на бизнис секторот, со младите, со земјоделците, со спортистите со кои, како што најави ќе разговараат за понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме" ја нуди за решенија за граѓаните.

– Понуда која носи нова развојна македонска економија, која ќе обезбеди нови инвестиции, работни места и повисоки плати за сите наши граѓани. Се обврзуваме за четири години да обезбедиме 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции, најмалку една милијада евра странски инвестици за четири години, инвестиции засновани на иновации и одржливост на бизнисните, рече Заев.

Тој најави продолжување на поддршката за инвеститорите за домашните и за странските компании во износ од 600 милиони евра и тоа 300 милиони евра од домашни средства и 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат пред нас само за реализација на нови инвестиции во државата.

– Мерките и политиките што ги носиме обезбедуваат дополнителен пад на невработеноста. Стапката на невработеност ќе ја намалиме по три отсто годишно, со цел во 2024 година стапката на невработеност да биде едноцифрена, изјави Заев во Радовиш.

Лидерот на СДСМ рече дека ќе покажат дека платите може да растат уште повеќе и оти нивна цел за 2024 година е просечна од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари.

СДСМ и коалицијата, како што потенцираше тој, како одговорни продолжуваат да го реализираат концептот враќање на парите назад кај граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот кога парите завршуваа во „белиот дворец" и во нивни лични џебови.

– Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемената минимална плата, против покачувањето на пензиите и затоа нема дилеми. На 5 јули граѓаните ќе ја поддржат нашата коалиција која носи повеќе пари во семејствата, но нема да дозволат обнова на режимот кој само земаше од граѓаните, рече Заев во Радовиш.

Лидерот на СДСМ зборувајќи за нивната програма за земјоделството, кажа дека овој земјоделски регион но и индустриски регион, со незагадувачка индустрија, ќе биде заштитен, пред се, еколошки, платите ќе бидат зголемени како и понудата на работните места.

– Паралелно како растат платите ќе се качуваат и пензиите затоа што само со силна економија може државата да враќа назад кај своите граѓани, рече Заев.

Земјоделството, додаде тој, ќе се унапредува од секој можен свој аспект.

– Покажавме дека субвенциите се поголеми и стигаат кај вистинските индивидуални земјоделци, 30 милиони евра повеќе субвенции стигаат кај земјоделците отколку во периодот на режимот, истакна Заев. /МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер