„ВРЕДИ“ има разбирање за ставот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ама не се откажува од албанска академија - Канал 5

„ВРЕДИ“ има разбирање за ставот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ама не се откажува од албанска академија

„Вреди“ ги разбира ставовите на коалициските партнери и чувствителноста на прашањето, но не се откажува од идејата за формирање на Албанска академија на науки и уметности. 

„ВРЕДИ“ има разбирање за ставот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ама не се откажува од албанска академија

По работниот состанок кој денеска го одржа координативното тело од таму соопштија дека „членовите се согласиле дека оваа иницијатива, и покрај острите реакции, било да се тие од албанска или македонска страна, има своја благородност бидејќи се работи за знаење, култура и граѓанство, а не за создавање разлики во нашето мултиетничко општество, ниту за освојување политички поени“.

На прес-конференција пред состанокот, од Вреди побараа поддршка за нивното изборно ветување, кое според нив било рефлексија на негативни состојби во државата заради кои во некои институции се уште немало место за Албанците. И покрај изричното противење на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за паралелна Албанска академија, од Вреди не сметаат дека нивното инсистирање ќе ги загрози односите во владината коалиција.

– Нашите програмски заложби нема да ги прилагодуваме заради личен комфор во Владата. Договорот за формирање на влада е јасен, за одредени прашања кои високо ја сензибилизираат едната јавност како правичната застапеност во институциите за Албанците или прашањето за албанска академија да се покренуваат иницијативи и да се обидеме да наоѓаме заеднички прифатливи решенија. Наша цел не е формирање на паралелна институција. Ако гледаме во последниве години наназад секоја иницијатива можеби на прв поглед изгледаше дека е паралелна. Така беше и со формирањето на Тетовскиот универзитет каде што имаше отпорност на јавноста, но денеска сме свесни и сведоци дека во Универзитет студираат и Македонци, изјави Муртези.

Но, кога и како ќе се ралзиира идејата останува нејасно, со оглед дека нема ниту владин консензус за барањето.. Потегот на Вреди за лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски е постизборен маркетинг, што се обидуваат да го продадат на својот електорат. Уште еднаш порача дека ЗНАМ никогаш нема да прифатат друга институција освен МАНУ.

-За мене и за целото раководство на ЗНАМ апсолутно оваа иницијатива е не прифатлива и ние никогаш нема да поддржиме иницијатива за формирање на паралелна Академија на науки и уметности, затоа што го имаме МАНУ, а таму имаме заеднички содржател за сите. Науката не познава ниту верска, ниту етничка припадност, познава само труд, квалитет, работа, посветеност и многу тешко се влегува таму. Што се однесува до директно државно финансирање на една ваква институција, потенцираше тој, е апсолутно не дозволиво, смета Димитриевски.

И премиерот Христијан Мицкоски вчера го повтори ставот против и кажа дека прашањето е затворено... За него, предлогот на „ВЛЕН“ е фолклор и политички маневар, а МАНУ е единствената институција што ја обединува научната мисла.

YouTube video

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

- Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел во гаража пред зградата во која живее. Од октомври 2024 до април 2025 година дрогата неовластено ја препродавал на наркозависници. При извршениот претрес на 17 април во гаражата биле откриени 36 пакувања со вкупно 180 грама марихуана наменети за натамошна продажба, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.

Сообраќајот тековно, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Сообраќајот тековно, без застои

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Наградата „Златен објектив“ за 2025 година денеска ќе му биде доделена на  светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). 

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Со одлука на Управниот одбор на институцијата, годинешниот „Златен објектив“ ќе му биде доделен на Петар Богоевски, светло-мајстор, кој со својот децениски ангажман, работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли.

Петар Богоевски (1952) професионално се посветил на филмот во 1970-тите години, најпрвин како светло-мајстор во Македонската телевизија, за веќе во 1976 година да се приклучи на екипата во „Вардар филм“ кадешто го минува сиот свој работен век, инволвиран во проекти од секакви филмски родови и жанрови. Работел речиси на сите играни филмови снимени од 1980 до 2010, со Ценевски, Гапо, Столе Попов, Манчевски, Црвенковски, Османли, Митревски, Митриќески, Блажевски, Ристески и други (од „Оловната бригада“ и „Време, води“ (1980) до „Балканкан“ и „Илузија“ (2004), „Контакт“ (2005) и „Тајната книга“ (2006)), како и на голем број документарни и краткометражни играни филмови.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Столе Попов, Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловки, Мето Петровски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митревска, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куноски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Лукова-Дончиќ и Спасе Тасески, костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, како и композиторот Љупчо Константинов.

„Златниот објектив“ традиционално се доделува на 29 април, бидејќи на тој датум во 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека во „Службен весник“, како институција од општ интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.

притисни ентер