„Врба" со номинација за најдобар меѓународен филм

„Врба" со номинација за најдобар меѓународен филм, Манчевски номиниран за најдобар режисер на фестивалот Рејнденс во Лондон.

„Врба" доби номинација за најдобар меѓународен филм, а Милчо Манчевски е номиниран за најдобар режисер на претстојниот фестивал Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот. Жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ќе ги додели престижните награди во 8 категории, во секоја се номинирани по 3 филма, а „Врба" доби номинации во 2 категории.

Настапот на Рејнденс, што ќе се одржи од 28 октомври до 7 ноември, е и британска премиера на „Врба", чиј продуцент е и легендарниот британски продуцент и основач на „Вирџин рекордс" Ник Пауел. Организаторот на фестивалот го издвојува „Врба" како еден од хитовите на програмата, а ќе се прикаже во селекцијата Женски поглед.

Поради пандемијата на ковид-19, 28-от Рејнденс годинава ќе се одржи во хибридна форма, и онлајн и на живо во центарот на Лондон, со над 50 светски и британски премиери, а на 28 октомври ќе има гала отвореање со „Стардаст" на Габриел Рејнџ за Дејвид Боуви и периодот кога тој го создаде Зиги Стардаст, еден од највлијателните и најславните негови ликови. Победата во конкуренцијата за краток филм на Рејнденс исто така носи и квалификација за Оскар и за наградите БАФТА.

„Врба", шестиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. По македонската премиера, филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност. „Врба" беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Софија, Истанбул, Клуж-Напока, Сараево, Пекинг.

Минатиот месец, најпознатото филмско списание на светот „Варајати" објави извонредна рецензија за „Врба" насловена како „Врба: Суптилен, длабок портрет на мајчинството по кое се копнее, помножен со три", во која меѓу другото се вели: „Три приказни за македонско мајчинство одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски".

„Врба" ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.

Момче чувало 110 мачки во стан,здруженијата во паника

Здруженијата за заштита на животните во јужна Шпанија, во регионот на Валенсија, итно бараат привремени или трајни домови за 110 мачки откако нивниот сопственик е протеран од станот каде што живеел, пишува Гардијан.

Вработените во Спаме Сафор, засолниште за животни во југоисточниот шпански град Гандија, првично мислеле дека има 'само' 96 мачки, но вчера вечерта здружението објави дека засолниле вкупно 110 и сега итно бараат помош во нивна грижа барем ддоека се вакцинирааат или стерилизираат.

Мачките останале без сместување откако нивниот сопственик,заедно со мачките беше протеран од станот од 100 квадратни метри во кој живееле.

- Се чини дека сопственикот посвоил неколку мачки пред три години и оттогаш тие постојано се размножувале, вели Салвадор Тормас, вработен во засолништето за животни.

Здружението се пожали дека немаат доволно простор за сите мачки затоа што веќе се грижеле за околу двесте мачки.

Тормас вели дека во петокот зеле 48 мачки, а во саботата дошле да ги земат другите за да му помогнат на нивниот сопственик, кого го опишале како помлад маж.

- Тоа е катастрофа. Некој требаше да му помогне на тој човек, рече Тормас.

Вработените во прифатилиштето ги повикаа локалните власти да помогнат во грижата за животните и тие сега работат од утро до вечер за да обезбедат сместување за мачките и побарале помош од неколку помали здруженија.

Успеал да го уништо Мустангот на празен паркинг(ВИДЕО)

Ford Mustang и неговите возачи во Америка имаат лоша репутација. Не поминува ден ако некој не се судри, понекогаш на особено имагинативен начин.

Постојат безброј случаи на сообраќајни несреќи во кои е здробен Мустанг, и тоа редовно како резултат на грешка на возачот. Тешко е да се каже дали станува збор за еден вид нервоза, тенденција за претерување, недостаток на претпазливост, но најчесто е сето тоа заедно.

Најновото видео покажува како еден сопственик на „Мустанг“ снима неодговорен возач на Мустанг. "Еве зошто возачите на Мустанг имаат лоша репутација. Излегов со девојката на еден од моите омилени паркинзи, а потоа се појави момче со Мустанг 5.0 и реши да направи "дрифтови", напиша Брајан Калдерон во описот на видеото. Тој продолжил да снима и секако, не долго после тоа, на забавата и дојде крај. Возачот флертувал, а Мустангот го заврши својот танц во бандера.

Регионални избори во Италија, се гласа и за намалување на бројот на пратеници

Италијанците започнаа да излегуваат на гласачките места за да гласаат на регионалните избори, од кои најважни се оние во Тоскана, за кои аналитичарите велат дека може да го сменат изгледот на крајната десница.

По пандемиите и карантините, ова е прв тест на државно ниво за владата на премиерот Џузепе Конте составен од левичарската центристичка Демократска партија и популистичкото Движење Пет Sвезди.

Изборите исто така може да бидат исклучително важни за крајната десница со Лига на Матео Салвини. Доколку победи на изборите во Тоскана, инаку упориште на левицата, тој би го вратил статусот лидер на десницата, но евентуалниот пораз ќе ги зајакне неговите опоненти.

Гласачите со маски ќе излезат на гласање денеска и утре, бидејќи расте бројот на заразени. Во моментов има помалку нови инфекции на ден во Италија отколку во Велика Британија, Франција или Шпанија, но сепак има повеќе од илјада.

Регионалните избори ќе се одржат во Кампанија, Лигурија, Тоскана, Апулија, Венето и во провинциите Марко и Вале д'Аоста.

Помеѓу парламентарните избори на почетокот на 2018 година и пандемијата, десницата победи на регионални избори во осум од девет провинции, делумно поради неможноста левицата да учествува со еден кандидат. Експертите предупредуваат дека слична работа може да се случи и сега.

Најважните избори се во Тоскана, со која владее левицата 50 години. Најновите анкети покажуваат дека трката ќе биде тесна.

Левиот блок се очекува да ја задржи власта во јужната провинција Кампанија, но десничарската коалиција на Лига, екстремно десничарската партија Браќа на Италија и партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, може да победат во соседна Апулија.

Се очекува десницата непречено да победи во своите упоришта, северните провинции Венето и Лигурија, а левицата ќе ја преземе власта во Марка.

Паралелно , се гласа и за референдум за намалување на бројот на членови на парламентот - од 630 на 400 во долниот дом и од 315 на 200 во Сенатот. Референдумот се очекува да помине.

притисни ентер