Во САД речиси 25.000 нови случаи на коронавирус , вкупно над 1,5 милиони заболени

Американските центри за контрола и превенција на болести денеска пријавиле вкупно 1.595.885 случаи на заболени со коронавирус.

Бројот се зголемил за 24.268 случаи во однос на претходниот ден. Бројот на починати порасна за 1.852 на 96.002, пренесува Ројтерс.

Соединетите држави се уште се први во светот по бројот на случаи на заболени со корнавирус. Има 1.119.878 активни пациенти, а 17,109 се во сериозна состојба.

притисни ентер