Во Франција има 509 смртни случаи, досега починаа 4 032 лица

Во последниот извештај за епидемијата со Ковид -19 во Франција  стои дека во едно деноноќие има нови 509 смртни случаи, а  6.107 лица се на интензивна нега.

Жером Саломон, генералниот директор за здравство, објави дека од 1 март се регистрирани 4.032 смртни случаи во болниците од коронавирусот, оваа „исклучителна“ епидемија, според зборовите на Саломон, принуди на хоспитализацијата 24.639 лица, од кои 6.017 во сериозна состојба се наоѓаат на интензивна нега.

-Тоа е повеќе од почетниот капацитет на Франција за реанимација, забележа Саломон.

.

притисни ентер