ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев додека ги полни неговите џебови, енормно се празнат џебовите на граѓаните

Единствен приоритет на СДСМ е нивно богатење.

СДСМ откако е на власт на граѓаните донесе економска криза, сиромаштија.

Зоран Заев додека ги полни неговите џебови, енормно се празнат џебовите на граѓаните.

Во ек на пандемија илјадници средни и мали претпријатија се затворија. Над 40.000 граѓани останаа без своето работно место. Над 40.000 семејства имаат по еден член невработен.

Извештајот на Светската банка прогнозираше дека до крајот на годинава сиромаштијата ќе достигне 23% од населението, факт што говори дека над 450 илјади луѓе ќе бидат на работ на егзистенција.

СДСМ ја зголеми сиромаштијата за дури 6%. Македонската економија се соочува со рецесија која не е видена од 2001 година.

СДСМ е единствената партија на власт во светот која се дрзна кога владее пандемија и економска криза да ги покачи даноците на граѓаните. СДСМ ја покачи сметката за струја за 7.4%.

Овие податоци се доказ дека мафијата на власт се бори само за зголемување на своите сметки и капитал, купувањето и градењето на хациенди.

СДСМ државата ја турна во сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: 500.000 граѓани во државата го минуваат денот со помалку од 130 денари

Без никаков срам СДСМ праќа соопштенија дека се справува со економските последици од коронакризата и спасува работни места кога од почетокот на пандемијата до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите приходи.<

Сето тоа се случи поради ненавремените мерки од страна на криминалната влада предводена од СДСМ да им помогне на граѓаните и компаниите за време на кризата.

Се фалат дека платите растат, а во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари.

Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со КОВИД-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат.

Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра.

Без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.

Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Финансиска помош од 70 милиони евра за исплата на плати

 Владата предводена од СДСМ го усвои предлог-законот.

Владата предводена од СДСМ, со усвојување на предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати, продолжува со навремени и ефикасни мерки за справување со економските последици од коронакризата и спасување на работните места.

Со оваа мерка, финансиска помош во вкупна висина од 70 милиони евра ќе добијат работодавачите погодени со коронакризата, за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава, а поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и ќе се движи од 14.500 денари, па се до 21.776 денари.

Компаниите што имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен додека кај фирмите со пад на приходот од над 80%, поддршката за исплата на плати ќе изнесува максимални 21.776 денари по вработен.

Компаниите што аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година и два месеци по користењето на финансиската поддршка нема да смеат да го намалуваат бројот на вработени.

Предлог – законот предвидува глоби до 10 илјади евра во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделена.

Владата предводена од СДСМ реализира мерки што спасуваат работни места и обезбедуваат помош за домашната економија и во услови на економска криза застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици.

СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за сите, за ублажување и надминување на последиците од економската криза.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Амди Бајрам ќе биде погребан денеска

Денеска ќе биде погребан лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина вчера на 64-годишна возраст.

Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните.

-Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Македонија ве информираме со голема тага и болка дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието, се наведува во соопштението на партијата, со која раководеше Бајрам.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

МЗ изрази сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.

притисни ентер