ВМРО-ДПМНЕ од 16 часот со блокада на улиците кај Влада, МНР и министерството за правда

ВМРО-ДПМНЕ од 16 часот со блокада на улиците кај Влада, МНР и министерството за правда и протести во 20 градови

Продолжуваат и денеска протестите ширум Македонија.

Од 16 часот со блокада на улиците кај Влада, МНР и министерството за правда и протести во 20 градови, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе порача дека премиерот Зоран Заев треба да си даде оставка.

Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна, велат од партијата.

Невидена сообраќајка во Јапонија: 134 возила во верижен судар поради снегот (ВИДЕО)

Едно лице загинало, а најмалку 17 се повредени во верижен судир во кој учествувале автомобили и камиони.

Најмалку 134 автомобили учествувале во денешниот верижен судир во Јапонија, кога снежната бура го погоди дел од автопатот, при што загина едно лице, а 17 се повредени. Верижниот судир се случил на автопатот Тохоку во северната префектура Мијаги околу пладне, на дел од автопатот долг околу еден километар, објавила владата.

Властите наредиле ограничување на брзината од 50 километри на час откако обилниот снег ја намали видливоста на патот, но и тоа не било доволно за да се спречи катастрофата.

Во несреќата учествувале околу 200 лица, а 12 се хоспитализирани, соопштила агенцијата за управување со катастрофи.

Спасувачката операција сè уште трае, изјави пред новинарите генералниот секретар на кабинетот, Катсунобу Като. Во последните неколку недели во делови на Јапонија паѓа необично многу снег, што ги изненадил сите.

Жена од Тајланд е осудена на 43 години затвор,на Фејсбук го навредувала кралското семејство

Судот во Тајланд денеска осуди 65-годишна жена на повеќе од 43 години затвор за критикување на кралското семејство преку Интернет, изјавил нејзиниот адвокат.

Тоа е најстрогата казна некогаш изречена во таа земја за навреда на монархијата.

Пресудата е донесена во време на невидени протести на младите кои отворено ја критикуваат монархијата, и покрај строгиот тајландски закон познат како „lese majeste“ кој предвидува 15-годишна затворска казна за какво било кршење на законот.

Анчан Прелерт се изјаснила за виновна за 29 одделни прекршувања на законот со споделување и објавување на нејзиниот канал на Јутјуб и Фејсбук помеѓу 2014 и 2015 година, објасни нејзиниот адвокат Павини Чумсри.

Анчан првично била осудена на 87 години затвор, но судот ја преполовил нејзината казна поради признавање вина.

„Тоа е најстрога казна некогаш изречена за случај спроведен според законот на lese majesta“, објасни Павини од тајландската асоцијација на адвокати за човекови права.

Анчан сега има можност да се жали на два повисоки суда, вели адвокатот.

Полицијата извршила рација во домот Анчан Прелерт во јануари 2015 година, неколку месеци откако е соборена цивилна влада со воен удар.

По воениот удар во 2014 година, најмалку 169 лица биле обвинети за кривични дела според споменатиот закон. Властите накратко престанале да го применуваат во 2018 година, но полицијата го вратила по немирите и протестите во кои што се критикува монархијата.

Стоилковски: Владата од Буџетот ќе ги покрива долговите на градоначалниците од СДСМ и ДУИ

Неверојатно но вистинито, наместо кон децентрализација, власта на СДСМ и на ДУИ испраќаат порака за тешка централизација во Македонија, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев сака да е и премиер и градоначалник во сите општини. Локалните власти служат за полнење со партиска војска и ширење терор.

По речиси три години повторно од Буџетот ќе се покриваат долговите на градоначалниците од СДСМ и од ДУИ. Зошто? Затоа што се неспособни, затоа што не изработиле ништо и затоа што општинските ЈП служат за партиски испостави за вработувања и полнење на администрацијата, наместо за проекти кои што ќе донесат бенефит за граѓаните.

Пред три години беа поделени 50 милиони евра од буџетот. Логиката која што се сокри тогаш сепак беше многу видлива - парите кои што не беа потрошени за капиталниte инвестиции беа прераспределени за општините, наводно за да почнат да работат домаќински. Фактички, срамно високиот суфицит на пари непотрошени за капитални инвестиции, се префрлија во бунарот без дно повторно на градоначалниците на СДСМ и на ДУИ.

Пa чии долгови тогаш беа најголеми и требаше да се покриваат, ако не на Охрид заради наталожениот долг од Александар Петрески од СДСМ со преку 15 милиони евра долг, потоа на Тетово на Теута Арифи со преку 10 милиони евра долг, па долгот на Струмица направен од Заев со преку пет милиони евра долг и така натаму.

Сега во изборна година, повторно се турка срамен проект за враќање на долговите. Според Предлог законот, на јавните претпријатија кои што се основани од општините, како што се комуналните претпријатија, водоводите, па за улици, паркинзи и слично, ќе им бидат опростени каматите и репрограмирани долговите кои што ги имаат кон државата и нејзините компании. Според овој предлог закон на СДСМ и на ДУИ, владата ќе ги казнува правните лица кои што нема да направат отпис на долговите на општинските фирми односно на градоначалниците од СДСМ и од ДУИ. И внимавајте, во законот не се предвидува до која сума на парични средства, ќе отпишуваат долговите. Зошто сега повторно да се покрива долгот на Теута Арифи во Тетово, или на оној неспособниот од Охрид што го пушти статусот на УНЕСКО низ вода? Затоа што за само две години градоначалниците потрошиле околу два милиони евра за набавка на службени возила.

Ако на ова се додаде и оној срамен потег, парите од карго аеродромот кој што не е изграден да се пренаменат за финансирање и реализација на општински наводни проекти, приказната е сосема јасна - локалните власти на СДСМ и на ДУИ служат за вработувања и вдомувања, како милуваат да кажат за корка лепче, а сега власта ќе им ги отпишува долгови и ќе им финансира и гради проекти - наводно изработени од општините - за да се прикаже нивна нереална работа! Во изборна година!

Почитувани,

Ова е срамно и не е ништо подруго од креирање на потемкинови села, лажна слика за работењето на локалните властодршци од СДСМ и од ДУИ.

А, реалноста е дека градоначалниците се закануваат, тепаат, пукаат по полиција, организираат нелегални игри на среќа и добиваат шпорети, вршат терор врз населението - владеат со страв!

Но и на тоа му се гледа крајот!

притисни ентер