Власта и опозицијата далеку од договор за датумот за предвремени парламентарни избори

За власта нема дилеми датумот за избори е одреден, додека опозицијата останува на ставот избори во јуни не може да има.

  Иако и двете страни не ја отфрлаат можност за договор за изборниот датум, сепак најава за нова лидерска средба се уште нема иако крајот на вонредната состојба се ближи.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ е за компромис, но вели доколку владата сака да ги исполни ветувањата кон граѓаните и бизнисот за субвенции и помош избори не може да има најдоцна до 30-ти јули. Мицкоски засега одбива да лицитира со можни датум за гласање, но дециден е дека 21 јуни како датум е неприфатлив.

„Ако е Владата чесна во намерата и ветувањата кои се дел од вториот и од третит сет на мерки, и ако навистина сака да ги испорача тогаш избори не може да се случат шеесет дена од престанокот на воонредната состојба. Што значи ако вонредната состојба прекине на 30 мај, најкасно до 30 јули избори не може да има. Тогаш не ја говорат вистината и се лицемерни и повторно ги лажат граѓаните. Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа“, вели Христијан Мицкоски, Апретседател на  ВМРО ДПМНЕ.

Техничкиот премиер Спасовски вели датумот за избори е одреден со владината уредба – 22 дена по завршување на вонредната состојба избори мора да има.

Додека главната битка за денот за избори се води меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, од ДУИ повикуваат на консензус без притоа да појаснат својот став за датум, кој што може да биде и клучен во одлуката кога ќе се оди на избори.

Министер за здравство, Венко Филипче вели ако граѓаните на избирачките места ги почитуваат мерките и протоколот нема никакви пречки да се одржат избори што поскоро. Сепак неофицијални информации, говорат дека зад сцената се водат тивки преговори и дека можен е компромис за избори кон средината на јули.

притисни ентер