„ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб, а истиот превидува помош од 2,5 милиони евра за вработување на нови 100 лица.

„Вик Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош, а компанијата веќе имаат реализирано инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментов таму работат 250 лица.

Јапонската влада претстави план за достигнување нулта емисија на штетни гасови

Новиот јапонски лидер Јошихиде Суга претстави план според кој земјата треба да постигне нулта стапка на емисии на гасови одговорни за глобалното затоплување до 2050 година.

Новиот премиер го претстави планот во својот прв говор пред парламентот. Претходната влада имала за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за 80 проценти до 2050 година.

„Треба да го промениме нашиот пристап“, рече Суга, тврдејќи дека проактивните структурни промени во индустријата и бизнисот ќе овозможат силен економски раст.

Јапонија, рече Суга, ќе се обиде во голема мерка да ги развива своите обновливи извори на енергија, да ја намали зависноста од јаглен и, кога станува збор за нуклеарните централи, да се фокусира на прашањето на безбедноста.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер го поздрави ветувањето на јапонскиот премиер дека Јапонија ќе стане јаглеродно неутрална до 2050 година.

„Јапонија е добар пријател и сојузник.Светот се обединува во борбата за климата“, објави на Твитер Фон дер Лајен.

Јапонија е потписник на Парискиот договор за клима во 2016 година.

По нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, Јапонија ја прекина работата на нуклеарните централи, а многу од нив сè уште не работат, а недостатокот на електрична енергија го надоместуваат со огромен увоз на фосилни горива.

Две песни на Горан Бреговиќ се најдоа во новиот филм на Борат(ВИДЕО)

Во продолжението на Борат, има две композиции од Горан Бреговиќ.

Веќе во самиот вовед се појавува композицијата Едерлези, која претходно и беше позната на публиката од филмот ,,Дом за бесење” од Емир Кустурица. Покрај тоа, во филмот може да се слушне и композицијата на Бреговиќ, Калашников, направена за еден од филмовите на Кустурица, Андерграунд.

Песната Калашников, како што еднаш рече Бреговиќ, е напишана во кујна во српскиот град Владичин Хан, каде тој често одел на работа со својот тим музичари. „За среќа, тие песни не мирисаат, бидејќи таму се готвеше овчо месо “, рече Бреговиќ за време на телевизиско интервју.

Музиката на Бреговиќ се појави и во првото продолжение на Борат, во 2006 година.

Инаку, новото продолжение на Борат излезе на 23 октомври, и го привлече вниманието на јавноста со видеото од Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, и денес личниот адвокат на Доналд Трамп, кој падна на измамата на Саша Барон Коен и беше фатен со рака во панталоните во хотелска соба со млада бугарска актерка која игра репортерка во филмот на Борат.

Џулијани и неговата сопруга, снимени со скриени камери, конечно ги прекинува Борат кој влегува во собата и почнува да вика дека има 15 години и дека тој е премногу стар за неа. Џулијани брзо седнува и се чини запрепастен од присуството на Коен.

„Зошто сте облечени така? Го прашува Џулијани. "Таа е мојата ќерка. Те молам земи ме наместо неа", одговара Борат. „Не ја сакам“, одговори Џулијани, кој потоа го напушта станот.

Во вчерашниот твит, Џулијани, без доказ, тврди дека „снимката на Борат е целосна измислица“.

Филмот вклучува и сцена во која Борат влегува на конзервативен митинг во костумот на Трамп.

Муслиманскиот совет во Франција:Муслиманите не се прогонети

Лидерот на Францускиот совет за муслиманска вера (ЦФЦМ), Мохамед Мусауи оцени дека муслиманите во Франција не се прогонети и повика на бојкот по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за карикатурите на пророкот Мухамед.

„Франција е голема земја, муслиманските граѓани не се прогонувани, тие можат слободно да градат џамии и да ја практикуваат својата религија“, рече Мусауи, главниот соговорник на француската влада за исламски прашања.

"Знаеме дека промоторите на овие кампањи велат дека го бранат исламот и ги повикуваме муслиманите во Франција да бидат мудри. Сите кампањи за оцрнување на Франција се контрапродуктивни и создаваат поделби", додаде Мусауи, барајќи од „верниците да ги бранат интересите на земјата".

Говорот на францускиот претседател за време на националната почит кон професорот кој беше обезглавен за време на исламистички напад поради прикажување карикатури на пророкот Мухамед на час, го разбесни муслиманскиот свет. Емануел Макрон исто така вети дека Франција ќе продолжи да го брани објавувањето на овие карикатури во име на слободата на говорот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на бојкот на француските производи откако го доведе во прашање менталното здравје на Макрон.

Во врска со овие карикатури, претседателот на CFCM објасни дека „законот не обврзува да ги сакаме, дури ни дава за право да ги мразиме“. Тој рече дека ја поддржува позицијата на претседателот Макрон, кој повика „да не се откажува од карикатурите, сите карикатури, под притисок на терористите“.

Средба меѓу Емануел Макрон и претставниците на ЦФЦМ е закажана попладнево во Елисејската палата.

притисни ентер