Вешти лица од судска медицина сведочеа за убиството на Денис Тот

Хрватскиот ракометар Денис Тот починал поради нагмечување на големиот мозок и на р’бетниот мозок. 

Но, клучна повреда за смртта на Тот настанала од ударите на обвинетите по што бил повреден р’бетниот мозок. Ова во скопскиот Кривичен суд го сведочеа вештаците од Судска медицина, меѓу кои директорот Александар Станков, како и форензичарката Рената Јанковска.

-Нагмечувањерто на мозочното ткиво настанало од пад. Повредата на р’бетниот мозок е заради ротационите движења на главата, односно поради ударите. Кај сега покојникот интервенирано е брзо, а со повреда на р’бетниот мозок, не можел никој да го спаси. Тоа не се ни оперира.- Александар Станков, Судска медицина.

Адвокатите на обвинетите за убиството на Тот ги прашуваа вештаците од Судска медицина, дали ако немало удари и немало повредна на р’бетниот мозок, би можело Тот да преживее. Станков на ова прашање одговори дека со повреди само на мозокот, Тот би можело да преживее. Потоа адвокатите поставуваа прашања кои беа во насока дека алкохол би можело да влијае на смртта.

-Од примероци во крвта, не е констатирано присуство на алкохол. Тие примероци се земени во момент кога кога поминале повеќе од 24 часа, период кога алкохол повеќе не е присутен во организимот.-Рената Јанкова..

Дел од адвокатите на обвинетите се сомневаат во вештачењето на Судска медицина, особено во делот на повредите на р’бетниот мозок. Но, не одговорија конкретно на новинарските прашања.

„Се релавитизира прашањето. Се релавитизира како е настаната таа повреда. Ќе имате понатака можност. Имаме уште две вешти лица за сослушување и има време.“-Бојан Василевски, адвокат на Клементина Лефковска.

Обвинети за убиството на ракометарот Денис Тот се Анџело Ѓорѓиевски, Клименитна Лефковска и Ангеле Костовски. Тие во април годинава пред ноќен клуб во Скопје повеќепати го удрирале Тот. Според обвинението, нему му нанеле тешки телесни повреди кој падна во безсознание, а наредниот ден почина.

Заврши претпоследниот ден од расправата по Предлог-буџетот, продолжението в понеделник

Собраниската комисија за финансирање и буџет вечерва ја прекина амадманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година и продолжението го закажа за понеделник.

Денешниот, шести ден од амандманската расправа, помина во разгледување на амандмани од кои повеќето се однесуваа на изградба на регионални и локални патишта и на водоснабдителни системи.

Министерството за финансии прифати неколку амандмани, но во видоизменета форма. Со еден се бараше пренамена на финансиски средства во Министерството за транспорт и врски кои ќе бидат наменети за изготвување на техничка документација за изградба на технички пат до депонијата во општина Новаци, а со друг да се одвојат средства за проширување на улицата од плоштадот во Штип до мостот кај хотелот Оаза со што ќе се олесни сообраќајот во ударните термини и ќе се зголеми безбедноста на пешаците. Беше прифатен и амандман од опозицијата со кој се бараше да се реализира проект за алтернативни извори за водоснабдување на Охрид.

Во текот на попладневниот дел од расправата беа повлечени неколку амандмани од страна на предлагачите.

Во понеделник е последниот ден од амандманската расправа по што Предлог-буџетот треба да оди на пленарна седница.

За Предлог-буџетот беа поднесени вкупно 263 амандмани од кои околу 200 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

Андоновски од Вашингтон: Социјалдемократските партии не се грижат за демократијата

Почитувани пријатели, на крајот сме на уште еден форум на Internacional Democrat Union, најголемата светска организација на десничарски партии, рече Стефан Андоновски,меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Како ВМРО-ДПМНЕ имавме делегација и активно учествувавме на овој настан. Можам да истакнам дека ги споделивме најважните прашања кои се однесуваат на Македонија, на состојбата во Македонија и на борбата против корупцијата како најзначајното прашање кое ги засега десничарските партии од регионот но и десничарските партии во целиот свет.

Определбата на сите партии од регионот и светот е дека мора да постои правна држава, владеење на право во нашата држава и силна борба против корупцијата.

Режимите на Социјалдемократските партии во светот, но и во Македонија покажаа дека тие не знаат да се грижат ниту за демократијата, ниту за владеењето на правото, а најмалку за борбата против корупцијата. Затоа многу е важен овој состанок на кој ги споделивме искуствата од државите кои се соочеуваат со случни проблеми, кои се хибридни режими и кои се многу ниско на скалата на Транспаренси интернешенал, и заедничката борба од овде од Вашинготн, но и од сите главни градови во светот мора да биде против ваквиот систем и ваквите режими.

Како партија остануваме посветени на европската интеграција на Македонија, на атлантскиот пат на Македонија, на пат кој не смее да биде закочен со национални отстапувања, национални понижувања и газење на македонскиот национален идентитет.

Токму за овие прашања заборуваме на овој тридневен настан, продолжуваме активно да учествуваме во работата на IDU и на другите настани на нашите меѓународни партнери.

Возач на БМВ сакал да се прави важен, па завршил во ендек (ВИДЕО)

Несреќниот човек зад воланот на БМВ сакал да си замине со стил, но завршил посрамен во каналот.

Видеото објавено на Редит предизвика голем интерес, пред сѐ поради несреќникот кој доживеа незгода во БМВ.

Видеото започнува со Mercedes AMG C63 кој го напушта паркингот со контролирано лизгање, а да не зборуваме за дрифтање. Иако овој Мерцедес е доста проблематичен за контрола, очигледно е дека зад воланот е релативно ладна глава со одредено искуство.

За жал, истото не може да се каже за возачот на БМВ, чија желба беше посилна од неговите способности. И излетал од паркинг со многу лизгање. Но, поради недостаток на искуство премногу ги вртел тркалата, па наместо да се исправи, родстерот БМВ тргнал десно и слетал на патот во ендек.

Иако несреќата не се случила со голема брзина, на видеото се гледа како BMW Z4 претрпел значителна штета. Поправката сигурно нема да биде евтина.

притисни ентер