„Вечера за глупаци" нова онлајн претстава на кумановскиот театар

Кумановскиот театар продолжува со онлајн репертоарот и денеска ќе ја прикаже претставата „Вечера за глупаци" , работена по текст на Текст на Френсис Вебер (Le Dîner de Cons), во режија на Горан Илиќ.

-Почитувана публико, благодарност за поддршката за нашиот онлајн театар. Денеска на нашиот онлајн репертоар е претставата „Вечера за глупаци". Се надеваме дека ќе уживате. Претставата ќе биде на следниов линк: Вечера за глупаци – Театар Куманово, објавија од театарот.

Во претставата која премиерно беше изведена во 2002 година, играат Кети Дончевска  Илиќ, Горан Илиќ, Младен Крстевски, Илија Струмениковски, Горан Зарковски, сценографијата е на Гоце Божурски, костимографијата на Кети Дончевска Илиќ, композитор е Зоран Краљевски.  /МИА

притисни ентер