Што се случува во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ и на каков третман се подложни учениците од дел од професорите? Маја Блажевска, тукушто матурира во ова училиште за Канал 5 ТВ отворено го раскажа нејзинато лошо искуство изминативе 4 години.
„Имаше солзи многу, не само од навредите, туку и од постапките на професорите кои ги правеа./ Дебела си, сељак си, хемиски експеримент, абортус, нешто што навистина нема смисла ученик и 15 годишно дете да го слуша.
Ова се само некои од навредите кои професори ги упатувале кон децата во ова музичко училиште, вели Блажевска, па дури и имало закани за физички напади.
„Затвори ја устата или ќе ти врзам една шлаканица па ќе се тркалаш надоле по скалите, и мене и на други деца кои што ќе одеа контра на тоа што нив им одговара. – вели Блажевска
Децата реагирале на ваквиот професорски однос кај директорите, но им велеле, ваша работа е и вие сте ученици и треба да молчите. Родителите исто така биле запознати со ситуациите, па и покрај реакциите ништо не се сменило, вели таа. Наместо да прераснат во музичари, вели од средното училиште излегле со бројни проблеми.
„Чувството не е убаво, поготово каде што моите ме испраќаат да научам нешто, каде што ме испраќаат да се образувам, да станам човек, јас станувам личност која живее анксиозно. Дури имаше деца кои што доживуваа панични напади во самото школо. Имаше случки каде што влегуваме во тоалетот и има девојчиња со панични напади – вели Блажевска
- Јас сум родител кој веќе сето тоа го помина. Се борев навистина силно со суетите и искомплексираноста на тие ваши професори.
-7 години ми поминаа од матура и многу ми е жал што ништо не е сменето./ И после 15 години истите типчиња малтретираат нови генерации. Ова се само дел од реакциите кои што ги привлече статусот на Блажевска на социјалните мрежи, односно граѓани кои почнаа да ги прераскажуваат како што велат нивните пеколни искуства во „Луј“.
Директорката Даница Стојанова која е од неодамна на функцијата вели дека „Луј“ е училиште кое што генерира извонредни таленти, а децата кои што имаат проблем треба да се обратат до надлежните во училиштето ...изјавата на Блажевска ја оцени како тенденциозна.
„Професионалците кои што си ја знаат својата работа да бидат третирани професионално и да се остават да работат како што треба, а ги бодрам сите ученици и родители, а и наставници сите ние да бидеме искрени на место каде што можеме. Треба да бидеме одговорни према нашите професори, а одговорноста значи дисциплина, почит и љубов и знаење и учење, а не оговарање и тенденциозни озборувања без аргументи, а иако има аргументи, задоцнети.
Од државниот просветен инспекторат велат дека вршат редовни инспекции во училиштето, а што се однесува до претставки, лани добиле само една анонимна за однесување на наставник по германски јазик. Постапено е по пријавата, но поради недостаток на факти и докази не констатирале пропуст во работењето. Од таму апелираат, сите нерпавилности да се пријават.