„Учебници и настава мора да има" во сабота на марш во Скопје и протести низ другите градови - Канал 5

„Учебници и настава мора да има" во сабота на марш во Скопје и протести низ другите градови

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има" во сабота ќе одржи марш во Скопје и мирни протести низ другите градови, најавија денеска на прес-конференција која се одржа пред Министерството за образование и наука.

„Учебници и настава мора да има" во сабота на марш во Скопје и протести низ другите градови

Преку тоа тие ќе ја покренат иницијативата за стопирање на донесувањето на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали кој е дел од реформите на националниот образовен систем, што ги најави министерката за образование, Мила Царовска.

– Почнуваме со мирни протести во градовите низ Македонија и мирен марш во Скопје во сабота, 15 мај со почеток од 12 часот, изјави Драгана Спасевска од „Учебници и настава мора да има". Маршот ќе почне пред Министерството за образование, рутата дополнително ќе биде одредена.

„Учебници и настава мора да има" ќе продлжи со поднесување на граѓанска иницијатива за задолжителен референдум против овој закон.

– Доставивме мислења и барања базирани на истражувања и искуства. Се потрудивме да предложиме решенија и компромис во измените на законот со една цел, да има „реформи по мерка на ученикот", велат од иницијативата.

Информираа и дека бојкотот на наставата ќе биде прекинат, бидејќи како што појаснија, остануваат уште малку училишни денови и треба да им се даде можност на децата да ги поправат оценките и да немаат дополнителен стрес.

Иранската гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

 Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека при ракетните напади врз Израел погодила центар за воено разузнавање и центар за оперативно планирање на Мосад, пренесува Ал Џезира.

Иранската гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

Претходно, израелските медиуми јавија дека ракетен удар во крајбрежниот град Херцлија погодил „чувствителна цел“, термин што обично означува воена или стратешка цел.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

Холандската Влада ќе им препорача на родителите да не дозволуваат на децата под 15 години да користат социјални мрежи, а својот прв паметен телефон да го добијат дури по завршувањето на основното училиште.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

Овие препораки се дел од новите национални насоки за „Здраво користење на екрани“, кои денеска ги претстави државниот секретар Винсент Кареманс, пренесе НЛ Тајмс.

Препораките, кои се советодавни и не се правно обврзувачки, се однесуваат на апликации како „ТикТок“, „Снепчет“, „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Предлогот следува по притисокот од родители, научници и мнозинството во холандскиот парламент за ограничување на пристапот на децата до паметни телефони и социјални мрежи.

Во март, пратениците Ханеке ван дер Верф и Џеси Сикса Дајкстре предложија минимална старосна граница од 15 години и повикаа на координација со другите европски земји, како на пример Данска и Франција, каде се разгледуваат слични мерки.

Анкетите покажуваат дека четири од пет холандски родители ги поддржуваат ваквите ограничувања, додека експертите предупредуваат на сериозни ризици за физичкото и менталното здравје на децата.

Новите насоки ќе содржат и препораки за времето што предучилишните деца го поминуваат пред екрани.

Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

 Околу 2.000 луѓе во Израел останаа без покрив над главата, барем привремено, по ракетните напади на Иран врз централниот дел од земјата и северниот град Хаифа, покажуваат официјалните податоци.

Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

По нападите вчера изутрина, во градот Петах Тиква загинаа четири лица при напад врз станбена зграда, а околу 1.300 лица од 400 семејства беа принудени да се евакуираат.

Околу 300 луѓе во Тел Авив останаа без домови откако ракетите погодија два дела на градот, предизвикувајќи голема материјална штета, пренесе Тајмс оф Израел.

Стотици жители беа евакуирани и од Бнеј Брак, каде ракета погоди училиште во станбен кварт, при што беше предизвикана значителна штета, а загина едно лице.

Градските власти во Тел Авив соопштија дека погодените биле сместени во хотели, додека во Хаифа се евакуирани 60 лица поради штети на нивните домови.

Сличен број лица морале да ги напуштат домовите во Рамат Ган, Бат Јам, Тамра, Реховот и други места како резултат на иранските напади во саботата и неделата.

притисни ентер