„Триаголник на животот“ - единствен начин да се преживее катастрофален земјотрес?

Еден од најпознатите спасувачи на американскиот меѓународен тим, Даг Коп, инсистира дека таканаречениот „триаголник на животот“ дава 90% шанса за преживување на катастрофален земјотрес! Неговите искуства за време на спасувачките операции во дури 60 земји покажале дека криењето под мебелот е погубно.

Најголем дел од децата во САД ги учат на правилото да се сокријат под маса, или популарно наречената техника Дроп, кавер енд холд он (Наведни се, сокри се и држи се цврсто). Истото правило важи и во фирмите и административните простории, па дури и во случај ако потресот се случи надвор од објектот.

Што треба да направите за време на земјотрес? Да останете таму каде што сте. Да се наведнете, да се сокриете под маса и да се држите цврсто, вели Том Џордан, директор на Сеизмолошкиот центар во Калифорнија

Но, за разлика од повеќето американски експерти, шефот на американскиот меѓународен тим за спасување од катастрофи, Даг Коп мисли поинаку.

Неговите искуства за време на спасувачките операции во дури 60 земји покажале дека криењето под мебелот е погубно.

Тој инсистира на правилото Триаголник на животот, односно луѓето да се склупчат во ембрионална форма до кревет или до маса. Се е до празниот простор меѓу елементите, уверува Коп, кој вели - на тој начин, урнатините не ви можат ништо.

Пред 20 години во Истанбул го тестирал својот метод, преку симулирано изведен земјотрес. Во два објекта поставил 20 кукли, од кои 10 биле во Тригалник на животот.

- Ние конструиравме училиште и куќа во Истанбул, а потоа предизвикавме симулирано уривање. Тестот не доведе до заклучок, дека ако легнете на кревет, ќе бидете згмечени, ако легнете под кревет исто така ќе бидете згмечени, а ако легнете покрај него или меѓу два кревета, ќе останете целосно неповредени, тврди Даг Коп.

Тој се сеќава и на како што вели ужасот од Мексико Сити пред 30 години, кога консатирирал дека најголем дел од деца во училиште загинале зашто наставниците им рекле да се скријат под училишните клупи.


Потопиле голем патнички авион во море, за да стане туристичка атракција (ВИДЕО)

Авион со 400 седишта, L1011 Tristar, бил потопен во 2019 година во близина на брегот на јорданскиот град Акаба со цел да привлече туристи, односно љубители на подводни истражувања.

Џамбо-џет првпат полетал во средината на 1980-тите, но на крајот беше исфрлен од употреба. Последните години ги поминал на пистата на меѓународниот аеродром „Крал Хусеин“. На крајот е спуштен на дното на Црвеното Море.

Потонатиот авион стана едно од најпосетуваните места за нуркање во Јордан, пренесува Метро.

Неговите мотори се сè уште на место, а не се допрени ниту кокпитот, тоалетите и галијата.

„Кокпитот е во најплиткиот дел, на длабочина од 13 метри, а последните два излеза се на 28 метри“, откри подводниот фотограф Брет Холцер.

На интернет има бројни снимки од потонатиот L1011 Tristar, а интересно е што тој во еден момент по грешка бил поврзан со исчезнатиот MH370.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од потонатиот брод за која се наведува дека го претставува леталото на компанијата „Малезија Ерплане“, кое во 2014 година било изгубено без трага.

Во пораката стоело дека „не се пронајдени човечки останки во кабината“, но подоцна е избришана.

Набрзо, шпекулациите беа ставени на крај бидејќи фотографијата одговараше на снимката направена на брегот на Акаба, односно подводната атракција таму.

Хаос на аеродромот во Дубаи по поплавите- ќе проработи со полн капацитет за 24 часа (ВИДЕО)

Меѓународниот аеродром во Дубаи ќе се врати со полн капацитет во рок од 24 часа, откако во вторникот беше погоден од најсилните врнежи во последните 75 години во Обединетите Арапски Емирати, соопштија денеска аеродромските власти.

Главниот оперативен директор на аеродромот во Дубаи, Маџед Ал Џокер, истакнува дека, по повторното отворање на терминалите 1 и 3, сообраќајот на аеродромот е постабилен.

„Благодарение на тоа, повеќето авиокомпании престанаа да откажуваат летови и успеаја делумно да го вратат редовниот режим“, рече директорот.

Аеродромот во Дубаи претходно денеска објави дека терминалот 1 продолжил да прима летови, а авиокомпаниите Емирати и ФлајДубаи отворија пријавување за нивните летови на терминалот 3, но распоредот на летови не можел целосно да се врати.

Авиокомпаниите ги предупредија патниците дека треба да дојдат на аеродромот само доколку добијат потврда за резервацијата од авиокомпанијата.

Ал Џокер додаде дека работата на аеродромот сега е обновена на 70 отсто од неговиот капацитет и дека инфраструктурата на аеродромот не претрпела сериозни оштетувања.

„Откако операциите ќе се вратат во нормала, ќе ја процениме штетата и ќе можеме да ги утврдиме загубите“, рече тој.

Меѓународниот аеродром во Дубаи и денеска има оперативни проблеми поради последиците од невремето во вторникот, а патниот сообраќај се уште не е нормализиран, пренесе Ројтерс.

Аеродромот утринава соопшти дека приемот на дојдовните летови продолжил на терминалот што го користат странските авиокомпании, но дека летовите сепак доцнат.

Само една писта била отворена за сообраќај на автопатот низ Дубаи, а главниот пат што го поврзува тој град со Абу Даби е затворен во правец на Абу Даби.

Во Дубаи во вторникот паднаа повеќе од 120 милиметри дожд на метар квадратен во рок од 24 часа, што е рекордна количина на врнежи што вообичаено се забележува во една година.

Скандал во Гугл: Отказ за 28 вработени, кои протестирале против потегот на гигантот (ВИДЕО)

Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата за 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.

Вработените во две канцеларии на Google, во Њујорк и Калифорнија, протестираа против „Nimbus Project“, според кој Google, во соработка со Amazon, ќе обезбеди облак услуги за складирање и обработка на податоци за израелската влада, пренесува технолошкиот портал Verge.

Тие рекоа дека договорот ќе им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.

Според информациите од интерен меморандум на Google, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.

Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така, интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата, се додава во соопштението.

„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе го одобриме минатото однесување што ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот за глобална безбедност на Google, Крис Раков.

притисни ентер