„Транском“ денеска отвори нова канцеларија во центарот на Скопје

Глобалната компанијата Транском, специјализирана за обезбедување на корисничка подршка низ целиот свет, денеска отвори нова канцеларија во центарот на Скопје.

Транском се истакнува како глобален лидер во светот на БПО индустријата. Компанијата е присутна на македонскиот пазар на трговија 2 години на повеќе локации со повеќе од 300 вработени, а новата канцеларија отвара можност за нови вработувања, каде без разлика на претходното работно искуство вработените имаат еднакви можности за напредок.

Таравари: Дваесеттина најтешко повредени од пожарот ќе се лекуваат во странство

Дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство, изјави денеска министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип.

Според него, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.

- Според нашите анестезиолози, 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување за тие што се покритични. Им оставив на екипата анестезиолози да одредат каде сметаат дека би било најдобро за натамошен третман за покритичните пациенти, рече министерот.

Во Штипската болница биле хоспитализирани 39 деца, кои како што кажа Таравари, се во релативно добра состојба. Генерално биле со изгореници, но имало и со скршеници.

- Доколку има потреба да се пренесуваат до Клинички центар - Скопје, ќе интервенираме, истакна министерот.

Во Болницата во Кочани биле хоспитализирани 30 пациенти, во хирушките клиники во Клинички центар во Скопје се 31, во Градска хирургија 28 и во „8 Септември“ има 24 хоспитализирани. Повеќето од хоспитализираните, посочи, дека се многу млади.

Болниците, според Таравари, располагаат со медицински материјали, средства и лекови и на пациентите им се дава се што е потребно, а располагаат и со доволни количини крвни деривати.

ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје информира дека денеска нема да наплаќа паркинг на јавните паркиралишта Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември.

Од претпријатието изразуваат длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани, а на повредените им посакува брзо опоравување.

-ЈП „Градски паркинг"- Скопје со своите ресурсу стои на располагање за каква било помош и со таа цел претпријатието донесе одлука денес да не се врши наплата на услугата паркирање на јавните паркиралишта: Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември, се посочува во објавата на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.

Фудбалерот на Шкупи, Лазаров повреден во пожарот во Кочани, но не е во животна опасност

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани. Лазаров има изгореници, но не е во животна опасност, информираа од ФК Шкупи.

- Ве известуваме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здоби со изгореници во пожарот и голема трагедија во текот на ноќта во Кочани. Оваа информација ја потврдивме откако контактиравме со неговото семејство и роднините. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување и враќање во нашиот тим.

Во овој тежок момент, на сите им изразуваме најискрено сочувство. Нашите срца се со семејствата на жртвите и со целата наша земја.

Се надеваме дека вакви трагедии никогаш повеќе нема да се случат! – објави ФК Шкупи на социјалните мрежи.

притисни ентер