Трамп: Најмалку 100 милиони дози вакцина би можеле да бидат дистрибуирани во САД до крајот на годината

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најмалку 100 милиони дози вакцина против новиот коронавирус би можеле да бидат дистрибуирани во САД до крајот на годината.

– Откако агенцијата за лекови ја одобри вакцината. Ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број многу пред тоа, посочи Трамп.

Претходно, директорот на Центарот за контрола и превенција на болести Роберт Редфилд изјави дека вакцината против ковид-19 би можела да се најде во широка употреба до средината на следната година .

Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на ЕУ и на Словенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Словенија и на Европската Унија во Република Македонија.

Акредитивните писма ќе бидат предадени од Милан Предан, новоименуван амбасадор на Република Словенија во Република Македонија и од Дејвид Гер, новоименуван амбасадор на Европската Унија во Република Македонија.

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија.

Станува збор за 32 годишeн скопјанец против кого, според министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидентот на токсикологија се случи вчера попладне. Дежурниот доктор го препратил неговото малолетно дете на педијатрија по што бил нападнат од таткото и со површен хематом и расекотини на главата завршил кај колегите на ургентен, а потоа пуштен на домашно лекување.

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќаза случајот реагираше на фејсбук,.

-Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче.

Османи на средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да оствари работна средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу како дел од нејзината тура на земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, во првиот дел на посетата, Брегу на средбата со Османи ќе разговара за евроатлантски перспективи на целиот Западен Балкан.

-За време на средбата се очекува да стане збор за иницијативноста и активностите на Советот за регионална соработка за време на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД19, а ќе се разговара и за односите со соседите врамени во мултилатералните и регионалните иницијативи. Ќе се разговара за европските перспективи на земјата и регионот, а особен акцент се очекува да се стави на претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, информираат од МНР.

За време на нејзината посета на Македонија ќе бидат остварени средби со високи владини претставници./МИА

притисни ентер