„Тинекс“ го одбележа 30 годинишниот јубилеј

Компанијата Тинекс вечерва во присуство на бројни гости и вработени го прослави 30-ет годишниот јубилеј од нејзиното постоење.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Најмалку 11 работници загинаа во експлозија во фабрика за шеќер во Танзанија

Во несреќа во фабрика за шеќер во Танзанија денеска загинаа 11 лица, меѓу кои тројца странски државјани, а две лица се повредени, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил пред зори додека техничарите во приватната фабрика за шеќер Мтибва во источна Танзанија се подготвувале да го рестартираат производството по пауза, изјави за Ројтерс Алекс Мкама, полициски командант за регионот Морогоро.

Тој не соопштил детали, но локалните медиуми јавија дека до несреќата дошло откако експлодирала цевка за пареа.

Мкама рече дека полицијата пронашла тела на 11 мажи, а две повредени лица се згрижени во болница во административната престолнина Додома.

Тој додаде дека меѓу жртвите има државјани на Кенија, Индија и Бразил.

Мкама истакна дека се очекува тим од експерти да ги истражи причините за несреќата и да соопшти детали за несреќата.

Шеќераната Мтибва е една од најважните мелници за шеќер во источноафриканската нација, која произведува просечно 70.000 метрички тони шеќер годишно, според владините бројки.

Танзанија произведе повеќе од 460.000 тони шеќер во текот на 2022-2023 година во услови на зголемена побарувачка за домашна и индустриска употреба.

„Шарли Ебдо“ со карикатура ја исмеаја смртта на иранскиот претседател

Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ вчера на насловната страница на своето издание ја исмеа смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

„Господ постои. Нè спасува мула“, пишува на натписот на карикатураат. Може да се види показалец како притиска на хеликоптер од кој ѕирка телото на една личност.

Да потсетиме, Раиси загина во неделата во хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан. Остатоците од хеликоптерот во кој се урна Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан беа пронајдени следниот ден по бурна потрага.

Некои Иранци ја прославија смртта на претседателот кој беше познат по своите тврдокорни ставови. Една година по доаѓањето на власт, тој нареди построго спроведување на иранскиот закон за хиџаб, кој го ограничува облекувањето и однесувањето на жените. За неколку недели, младата Иранска Курдка, Махса Амини, почина во притвор откако беше уапсена од полицијата за морал за наводно прекршување на тој закон.

Како млад обвинител во Техеран, Раиси седеше на панел кој ја надгледуваше егзекуцијата на стотици политички затвореници во главниот град во 1988 година, додека осумгодишната војна на Иран со Ирак се приближуваше кон крајот, велат групите за човекови права.

Инквизиции познати како „комисии на смртта“ составени од верски судии, обвинители и разузнавачи на министерството беа формирани низ Иран за да одлучуваат за судбината на илјадници затвореници во произволни судења кои траат само неколку минути, се вели во извештајот на Амнести интернешенел.

„Бетcast" со Елизабета вечерва со Гере Трипков

"Бетcast" со Елизабета Дамјаноска Спасеновска, вечерва во 21.30 на 5CAST на Youtube.

Гере Трипков, некогашен манекен, денес инвалидизирано лице. Судбината му го сменила животот, но тој одлучил да не се предава. Денес е среќно оженет, а ја подготвува и модната линија за хендикепирани лица.

Вечерва во 21.30 на 5CAST на Youtube.

притисни ентер