„Стандард“: Изјавите на Вархеји предизвикуваат чудење во ЕУ - Канал 5

„Стандард“: Изјавите на Вархеји предизвикуваат чудење во ЕУ

Весникот пренесува дека изјавите на Вархеји се должат на тоа што тој доаѓа од партијата на Виктор Орбан која важи за блиска до македонската опозиција.

„Стандард“: Изјавите на Вархеји предизвикуваат чудење во ЕУ

Изјавите на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека е можно Македонија и Албанија да бидат раздвоени во евроинтегративниот процес, наиде на чудење во круговите на Унијата бидејќи во советот на ЕУ нема амбиции за такво нешто – пишува реномираниот австриски весник Дер Стандард. Весникот пренесува дека изјавите на Вархеји се должат на тоа што тој доаѓа од партијата на Виктор Орбан која важи за блиска до македонската опозиција. Дел од познавачите во земјава сметаат дека со евентуална со евентуална одлука Македонија да остане во чекалната ќе се наруши довербата и кредибилитетот на Унијата.

-Имајќи во предвид дека ние ги исполнивме критериумите одамна и сме многу понапред од сите земји, ова е прашање кое што ја поткопува кредибилноста на ЕУ и дел од земјите членки се свесни за тоа. Сигналот кој што ќе биде испратен нема да биде добар во однос на земјата која што го направила веројатно најголемиот исчекор, вели Кацарска.

Без разлика од епилогот во јуни, земјава треба да да продолжи со спроведување на барањата и подобрување на системот, бидејќи првенствено тоа е добро за самата земја – смета Андреја Стојковски од Институтот Преспа.

-Без оглед на тоа што на Советот за надворешни работи на ЕУ, овие прашања ќе останат предизвик и понатаму, вели Андреја Стојковски.

Според истражувањето на институтот има значителен напредок во земјава во владеењето на правото, борбата со корупцијата и слободата на говор, анализа која што е правена во соработка со хрватски експерти.

YouTube video

Иранската гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

 Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека при ракетните напади врз Израел погодила центар за воено разузнавање и центар за оперативно планирање на Мосад, пренесува Ал Џезира.

Иранската гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

Претходно, израелските медиуми јавија дека ракетен удар во крајбрежниот град Херцлија погодил „чувствителна цел“, термин што обично означува воена или стратешка цел.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

Холандската Влада ќе им препорача на родителите да не дозволуваат на децата под 15 години да користат социјални мрежи, а својот прв паметен телефон да го добијат дури по завршувањето на основното училиште.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

Овие препораки се дел од новите национални насоки за „Здраво користење на екрани“, кои денеска ги претстави државниот секретар Винсент Кареманс, пренесе НЛ Тајмс.

Препораките, кои се советодавни и не се правно обврзувачки, се однесуваат на апликации како „ТикТок“, „Снепчет“, „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Предлогот следува по притисокот од родители, научници и мнозинството во холандскиот парламент за ограничување на пристапот на децата до паметни телефони и социјални мрежи.

Во март, пратениците Ханеке ван дер Верф и Џеси Сикса Дајкстре предложија минимална старосна граница од 15 години и повикаа на координација со другите европски земји, како на пример Данска и Франција, каде се разгледуваат слични мерки.

Анкетите покажуваат дека четири од пет холандски родители ги поддржуваат ваквите ограничувања, додека експертите предупредуваат на сериозни ризици за физичкото и менталното здравје на децата.

Новите насоки ќе содржат и препораки за времето што предучилишните деца го поминуваат пред екрани.

Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

 Околу 2.000 луѓе во Израел останаа без покрив над главата, барем привремено, по ракетните напади на Иран врз централниот дел од земјата и северниот град Хаифа, покажуваат официјалните податоци.

Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

По нападите вчера изутрина, во градот Петах Тиква загинаа четири лица при напад врз станбена зграда, а околу 1.300 лица од 400 семејства беа принудени да се евакуираат.

Околу 300 луѓе во Тел Авив останаа без домови откако ракетите погодија два дела на градот, предизвикувајќи голема материјална штета, пренесе Тајмс оф Израел.

Стотици жители беа евакуирани и од Бнеј Брак, каде ракета погоди училиште во станбен кварт, при што беше предизвикана значителна штета, а загина едно лице.

Градските власти во Тел Авив соопштија дека погодените биле сместени во хотели, додека во Хаифа се евакуирани 60 лица поради штети на нивните домови.

Сличен број лица морале да ги напуштат домовите во Рамат Ган, Бат Јам, Тамра, Реховот и други места како резултат на иранските напади во саботата и неделата.

притисни ентер