Шахпаска оствари средба со постојаната претставничка на УНДП во земјава, Сахакјан

„ Преку бројни проекти УНДП е директен партнер во заложбите за поголема социјална инклузија и помош за најранливите категории граѓани“.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска се сретна со постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарине Сахакјан и нејзините соработници.

На средбата се разговараше за досегашната меѓусебна соработка, помеѓу УНДП и Министерството за труд и социјална политика ,проектите кои се во тек и идните планови за соработка на полето кое е во надлежност на министерството.

„Како држава и како Министерство многу ни е значајна поддршката која ни ја дава Агенцијата на ООН , УНДП годините наназад, а особено денес во време на пандемија од корона вирусот.

Изминатите седум месеци од почетокот на корона вирусот, како техничка Влада преземавме сет економски мерки со цел спасување на што поголем број на работни места, поддршка на компаниите погодени од кризата, помош и поддршка на граѓаните со посебен акцент на најранливите категории.

Како одговорна Влада која се грижи за своите граѓани, продолжуваме со нов пакет економски мерки наменет за ревитализација на економијата и помош и поддршка на оние катергории на граѓани на кои помошта им е најпотребна. Тоа се пасивните баратели на работа, пензионерите со ниски пензии до 15000 денари, самохраните родители и студентите кои беа пропуштени во претходниот пакет мерки, “ истакна Шахпаска.

Во однос на примателите на Гарантирана минимална помош , Министерката посочи дека е олеснет пристапот и условите за влез во системот, со што би се опфатил поголем број на лица на кои помошта им е потребна.

Постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарине Сахакјан, изрази подготвеност за продлабочување на понатамошната соработка и поддршка во сегментите социјална инклузија,обуки и тренинзи за лицата за полесен пристап на пазараот на трудот, како и соработката со локалните заедници,каде се работи на реализација на проекти за помош и поддршка на старите лица , лицата со попреченост и оние кои им е потребна , преку давање на социјални услуги.

Двете соговорнички се согласија дека одличната соработка ќе продолжи и понатаму преку реализација на проекти кои се од големо значење за граѓаните со посебен акцент на најранливите категории.

Министерство за труд и социјална политика

Полицајците не можеле да поверуваат што извадија од витрина во супермаркет во Чикаго (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е снимена во супермаркет Алди на северозападната страна на Чикаго, откако вработените забележале чудно суштество во фрижидерот за намирници.

На видеото кое кружи на интернет се гледаат полицајци кои пристигнале по пријавата со задача да го фатат „натрапникот“ и безбедно да го евакуираат.

Откако го „боцкал“ животното со рачка од џогер, полицаецот го фатил за опашот и почнал да го влече.

„Верував дека ќе извлечат ракунот. Не го очекував ова“, напишала една личност изненадена од епилогот.

Имено, полицаецот се нашол во друштво на див којот кој некако се нашол во урбана средина и решил да се сокрие во фрижидер.

Дивото животно е заробено и по испитувањето ќе биде пуштено назад во дивината. Во инцидентот нема повредени, јавува Метро.

Еден сведок изјавил дека видел којот како талка на паркингот пред продавницата, а експертите се согласуваат дека избрал „чудна локација за да се скрие“.

„Тие можат да направат грешка додека се обидуваат да ги избегнат луѓето. Сакаат да се сокријат од нас“.

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Фокус на средбите беа економските и политички односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската подршка од Унгарија и зголемување на трговската соработка.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше економските реформи на Владата за обезбедување на забрзан економски раст како и борбата против корупцијата. Во своето обраќање, тој ги претстави приоритетите на Владата за развој на домашната економија, реализацијата на капиталните проекти кои се од исклучитечно значење за регионалниот развој и поврзаност како и политиките за привлекувањето на странски инвестиции.

На средбите се разговараше и за развој на транспортниот и енергетски сектор како и проектите од регионално значење што ќе го доближат регионот на Западен Балкан до Европската Унија.

Николоски ја изрази силната подготвеност на Владата за реализација и развој на еропските коридори како стартешки за раст на националните економии во земјите од регионот.

На средбите исто така беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, притоа заменик претседателот Николоски потенцира дека Унгарија е силен подржувач на Македонија во остварување на своите стратешки цели на патот на евроинтеграциите.

" Имав одлични средби со моите колеги Балаш Орбан кој е голем пријател на Македонија и Мартон Наѓ, министерот за национална економија. Уште еднаш ги потврдивме одличните односи помеѓу двете Влади а исто така и меѓу двата народи. Разговараме за приоритетите во делот на економските процеси и евроинтеграциите и сметам дека подршката што ни ја овозможува Унгарија е огромна во нашиот развој. Продолжуваме да ги градиме нашите односи со пријателите, а Македонија да станува посилна и влијателна. Наша задача е да продолжиме да ги надградуваме овие односи, да ја продлабочуваме нашата соработка и да докажеме дека придобивките од ова партнерство ги чувствуваат сите наши граѓани. "- истакна по денешните средби вицепремиерот Николоски, соопштуваат од Министерството.

Се огласи Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп штотуку напиша на платформата Truth Social: „Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени. Ви благодариме!“

Канцеларијата за медиуми на Хамас во Газа им порача на жителите на енклавата да не се движат до официјалниот почеток на прекинот на огнот. Канцеларијата за печат ги повикува граѓаните „да не се движат пред официјалниот почеток на прекинот на огнот и информациите за времето на отпочнување на примирјето да ги добиваат исклучиво од официјални извори“, се наведува во соопштението.

Израелската влада утре ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Газа, изјави владин претставник за Ројтерс. Секој договор сè уште треба да биде одобрен од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху, но се очекува да стапи на сила во наредните денови.

Тројца американски официјални лица и еден претставник на Хамас потврдија за Асошиетед прес дека е постигнат договор за прекин на огнот. Висок израелски функционер рече дека деталите се уште се финализираат, според АП.

Американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да ѝ се обрати на јавноста за договорот, рекоа официјални лица. Според АП, договорот вклучува постепено ослободување на десетици заложници кои ги држеше Хамас, ослободување на стотици палестински затвореници во Израел и враќање на стотици илјади раселени луѓе во Газа во нивните домови. Договорот предвидува и испорака на многу потребна хуманитарна помош на опустошената палестинска територија.

притисни ентер