Се чека конечна владина одлука за отворање на градинките

Нема податок колку проценти од дечињата се пријавиле на анкетата за престој во градинките од септември.

Но. од Министерството за труд и социјална политика уверуваат дека најголем дел од нив имаат просторен капацитет да ги згрижат дечињата на самохран родител и на двајца родители кои се во работен однос. Проколите се донесени, се чека уште официјалната одлука на Владата за отворање на градинките. Обврска на родителите е да достават потврда од работодавачот кој што пак треба да гарантира дека вработениот своите работни задачи мора да ги извршува на своето работно место, како и лекарска потврда за здравствената состојба на детето.

-По протоколот пред да се отворат установите, ќе бидат темелно дезинфицирани. Ќе се мери и телесната температура на дечињата при влез во градинка, за што од Министерството информираат дека безконтактните топломери веќе се доставени до градинките.-МТСП.

До 10 август се очкува одлука и за протоколите за училиштата, а потоа и одлука на Влдата кога и како тие ќе почнат со работа. Пробелмите со воспитно-образовниот процес се слични насекаде во светот.. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш порачува дека учениците треба да се вратат безбедно на настава, бидејќи како што рече, пандемијата на Ковид-19 довела до најголемо нарушување што во повеќе негативно ќе влијае врз повеќе од милијарда ученици во повеќе 160 држави.

Во меѓувреме резултатите на една германска студија покажуваат загрижувачки трендови кај децата. Ако лани во спетвери тие просечно поминале 79 минути на интеренет и со видео игри, во април тоа време е речиси двојно зголемено..

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Денеска во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид, соопшти МВР.

Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Гответе со Дракче“ - Тортиљи со ајвар

Во петок (19.04.2024) во емисијата гостин ни беше Ленче Кукиќ.

Состојки за денешниот рецепт:

3 тортиљи

3 јајца

200 гр. сирење

100 гр. ајвар

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

притисни ентер