„Само Вистина“ вечерва со Тодор Пендаров и Тони Науновски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Тодор Пендаров и Тони Науновски.

Почитувани сограѓани, љубители на македонскиот политички „театар“, до кога минатото ќе не дефокусира од иднината, вечерва гости во Само Вистина се Тодор Пендаров и Тони Науновски.

Заев и Груби се „натпреваруваат“ кој е поголем Премиер и Вицепремиер, а Мицкоски демек сакал да си оди, а новиот комитет демек не му дал, a Пендаровски бара од Вартоломеј да ја признае МПЦ при тоа 100 пати споменувајќи нашата земја, ама Македонија ниту еднаш-па макар и Северна...што ни се случува на политичката сцена?

За владата платите и во услови на корона растат, но дали рамковните надоместоци се поважни од породилното отсуство?

Имаме ли доволно факти да пркосиме на „политичкото лудило“ на соседот кој не се сеќава дека бил дел од Хитлеровата фашистичка коалиција?

Каде се МАНУ, научниците, професорите и интелектуалците, има ли некој од нив нешто да „гукне“ во одбрана на Гоце ?

Каков политички „лукзус“ можеме а каков несмееме да си дозволиме, дуелот Пендаров - Науновски ќе даде нова димензија на актуелните проблеми, а кој вечерва ќе говори Само Вистина, оценете вие самите, исто време на вашиот омилен Канал 5.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер