„Само Вистина“ вечерва со Дарко Каевски и Дафина Стојановска

Почитувани гледачи пред малите екрани вечерва жешкиот „икс“ е резервиран за дуел „без филтер“, со пратениците Дарко Каевски од СДСМ и Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Дојде ли моментот Македонија и Албанија „другарски“ да се разделат на патот за ЕУ?

Дали нашите пријатели поддржуваат и Бугарите да си добијат своја „Преспа“?

До кога ќе има „филибастеринг“ во Собранието, кој кого блокира, ќе се „размножи“ ли пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на неколку пратенички групи?

Ќе ја дознаеме ли конечно вистината за софтверот кој „крахираше“ на изборниот ден лани?

Имунизацијата тргна во втора брзина, дојде ли живот или домашните афери ќе го исполнуваат недостатокот од реформи, вечерва во Само Вистина со Дарко Каевски и Дафина Стојановска, на Канал 5 Телевизија.

ВМР-ДПМНЕ: СДСМ не умее ниту да го копира успешниот економскиот модел на ВМРО – ДПМНЕ

Економскиот модел на ВМРО–ДПМНЕ дава резултати, се наведува во партиската реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев. 

СДСМ изминатите четири години не донесе ниту една инвестиција. Владата на Заев изминатите години не изгради ништо, нема ниту еден проект кој го има започнато, ниту една нова фабрика. Нема капитални инвестиции, нема проекти, нема инвестиции во инфраструктурата.

Наместо нови фабрики инвеститорите поради лошото менаџирање на власта на Заев ја напуштаат Македонија. Наместо нови капитални инвестиции, во изминатиот период четири фабрики ја напуштија Македонија. Владата на Заев за помалку од еден месец раскина неколку договори со странски компании кои требаше да инвестираат во Македонија.

Премиерот Заев присуствуваше на отворањето на вториот производствен капацитет на Фабриката ЛЕАР во Технолошката индустриска зона – Тетово.

Да ја потсетиме јавноста дека Технолошката развојна зона во Тетово е проект на ВМРО – ДПМНЕ. Фабриката ЛЕАР беше прв пат донесена од страна на економскиот тим предводен од ВМРО – ДПМНЕ. Но да ја потсетиме јавноста дека тогашната опозиција предводена од СДСМ жестоко ги критикуваше овие инвестиции. Заев и опозицијата велеа дека ваквите инвестиции се криминални.

Денес Зоран Заев, присуствува на отворање на нова фабрика донесена од ВМРО –ДПМНЕ. Секако новите фабрики од страна на странските инвеститори ги поздравуваме. Но што бара таму Зоран Заев кој ја убедуваше јавноста дека овие инвеститори само ја искористуваат евтината работна сила во Македонија?

Почитувани, во првиот квартал извозот забележа солиден раст токму благодарение на Инвестициите во новите странски капацитети кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Република Македонија.

Џонсон Мети во Скопје, Дрекслер Маер во Кавадарци, Гентерм во Прилеп, Амфенол во Кочани, Костал во Охрид, Кромберт и Шуберт во Битола, Johnos Safety во Кичево, Адиентсеатинг во Струмица и Штип. Се фабриките со кои ВМРО Се гордее, а СДСМ велеше дека се лоши за македонската економија.

Овие фабрики учествуваат со над 60% во македонскиот извоз и вработуваат илјадници луѓе. Ова е економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ кој невработеноста ја спушти од 38% на под 17%.

Колку е иронично што денес Заев учествува на промоција на проект на ВМРО-ДПМНЕ, кој дури беше во опозиција остро го критикуваше.

Голем пожар во висококатница во Лондон, го гасат стотина пожарникари (ВИДЕО)

Пожарникарите  во Лондон гаснат пожар на 19-катница на истокот од градот. Чадот излегува од 8-ми, 9-ти и 10-ти кат, а брзата помош им помага на луѓето во околината.

Пожарот го гаснат околу 100 пожарникари, а болничарите и полицијата се на терен. Лондонската амбуланта соопшти дека испратила свои тимови, водачи на клинички екипи и амбуланти во областа.

„Тие им пружаат помош на луѓето и остануваат на местото на настанот, работејќи со други служби за итни случаи“.

Пожар на истокот од градот во близина на финансискиот кварт Канари Варф се случува скоро четири години откако 72 лица загинаа кога кулата Гренфел во западен Лондон се претвори во пекол, потпомогната од опасна запалива обвивка.

Познато е каде на Земјата би паднале остатоците од кинеската ракета

Повеќето остатоци од големата кинеска ракета што се очекува да се вратат во атмосферата викендов ќе изгорат при враќање и веројатно нема да предизвикаат штета, рече денеска  портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Ракетата „Долг марш 5Б“ беше лансирана на 29 април од кинескиот остров Хаинан, носејќи го беспилотниот модул Тијанхе, кој содржи она што ќе стане простор за живеење на постојаната кинеска вселенска станица.

Локацијата на паѓањето на ракетата во атмосферата на Земјата кога паднала од вселената „не може да се утврди само неколку часа пред да влезе“, што е предвидено да се случи околу 8 мај, соопшти оваа недела американската вселенска команда.

Говорејќи во Пекинг, портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин рече дека Кина внимателно го следи враќањето на ракетата во атмосферата и дека повеќето од нејзините компоненти ќе бидат изгорени по враќањето.

„Можноста овој процес да предизвика штета на површината е исклучително мала“, рече тој.

Остатоците од ракетата најверојатно ќе паднат во меѓународните води, објави во средата кинескиот „Глобал тајмс“.

Со оглед на моменталната траекторија на ракетата, патеката за остатоци најверојатно ќе падне на север на ниво на Њујорк, Мадрид или Пекинг и на југ на ниво на Чиле и Велингтон или каде било помеѓу овие градови, рече астрофизичарот од Харвард, Џонатан Мекдауел оваа недела.

Лансирањето на модулот Тијанхе е прва од 11 мисии потребни за завршување на кинеската вселенска станица.

Шефот на Пентагон Лојд Остин вчера рече дека нема да ја уништат кинеската ракета што треба да се врати неконтролирано во атмосферата викендов, индиректно критикувајќи го Пекинг за губење контрола.

Ова не е прв пат Кина да ја изгуби контролата над леталото при враќањето на Земјата. Во април 2018 година, вселенската лабораторија Тиангонг-1 се распаднала кога помина низ атмосферата две години откако престана да работи. Кинеските власти тогаш негираа дека изгубиле контрола над лабораторијата.

притисни ентер