„Само Вистина“ со Ѓулистана Марковска и Јани Макрадули 17.04.2025 1 дел - Канал 5

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

После речиси една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Македонија е далеку од правна држава. Ниту има правда, ниту правна држава.

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Партизирани институции, селективна правда, отсуство на владеење на правото. Ова, почитувани е вистинското лице на Владата на ВМРО ДПМНЕ, која создава систем само по нивна мерка и нема однос спрема реалните општествени потреби.

Она што ДПМНЕ го вети како втор столб во владината програма, денес го нема. Наместо програмските ветувања, сведочиме на задоволување на лични и партиски интереси.

Владата на ДПМНЕ за речиси една година не исполни апсолутно ништо од ветувањата за системски решенија. Не исполни ништо за нивната таканаречена трансформација на правосудните органи во независни, транспарентни и ефикасни субјекти.

Наместо реформи и систем во функција на граѓаните државата се соочува со ретроградност и застој, исто како во времето на заробените институции. Знаеме сите дека ова не е систем, туку е чиста партиска злоупотреба.

Власта и понатаму се обидува да има главна улога и влијание во правосудството и да го држи во партиски стеги.

За тоа сведочи фактот дека упорно и свесно се доцни со спроведувањето на активностите од реформската агенда и секторската развојна стратегија за правосудство (2024-2027), каде што се предвидени јасни чекори, прецизни рокови и конкретни пари од ЕУ преку Планот за раст.

Само за потсетување, до јуни 2025 година, согласно реформската агенда, треба да бидат донесени следниве законски измени:

Закони кои ги регулираат платите на судиите, обвинителите, судската и обвинителската служба – за што ЕУ предвидува над 2 милиони евра

● Нов закон за Судски совет во кој ќе бидат инкорпорирани препораките на Оценската мисија – за кој се предвидени се над 6 милиони евра.

● измени во Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за предвидени над 4 милиони евра. итн.

Овие закони не се само техничка работа – тие се суштински за градење на независно судство, за функционална демократија, за фер избори.

Особен проблем е однесувањето на министерот за правда, г-дин Игор Филков, кој се чини дека тенденциозно го минира процесот.

Од предвидените реформски закони, Министерството за правда, стави само 4 на ЕНЕР, а тие допрва треба да ги усвои Владата, па да достават и до Собранието.

Зошто министерот Филков толку го одолговлекува реформскиот процес, иако рокот е до јуни.

Конечно, и покрај свесното пролонгирање на реформскиот процес, и покрај фактот дека не ги проследува наводно изготвените законски решенија, ние согласно лидерската средба меѓу Претседателот на Владата Мицковски и Претседателот на СДСМ Филипче, сепак, остануваме максимално конструктивни и во интерес на државата, и затоа денеска ги поднесовме и архивиравме нашите коментари на единствените закони кои тој ги ставил на ЕНЕР. Ние за нив имаме сериозни забелешки но и конкретни предлози за нивно подобрување.

Апелираме до министерот Филков, ако вистински се грижи за реформската агенда и тврди дека работи на ургентните законски решенија, да престане да го минира процесот и да ги достави решенијата, за кои, ја убедува јавноста дека ги изготвил.

Остануваме целосно посветени на напредокот на државата. Ќе продолжиме да се бориме против сите обиди за партиски упад во правосудството и конечно, ќе ги нудиме нашите конструктивни предлози и решенија.

Прес-конференција, Снежана Калевска-Ванчева, претседателка на Комисијата за правда на СДСМ

YouTube video

Скопје, 14 мај 2025

СДСМ

Гапо: Околу 8.000 деца во моментов во државата се наоѓаат во разни ризици

За жал, статистичките податоци покажуваат дека околу 8.000 деца во моментов во државата се наоѓаат во разни ризици, вели Јулијана Гапо.

Гапо: Околу 8.000 деца во моментов во државата се наоѓаат во разни ризици

Затоа и ние имаме полни раце работа, додава националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Гапо, на денешната прес-конференција по повод Меѓународниот ден на семејството - 15 мај.

- Семејството е основна клетка на секое општество и темелот врз што се гради секој човечки живот. Тоа не е само заедница, туку првата и најважната средина за правилниот развој на детето. Во семејството, тоа го гради својот идентитет, тоа учи како да им верува на другите, како да се справува со светот околу себе. Семејните љубов и стабилност се незаменливи во оформувањето на здрави, самоуверени, одговорни млади луѓе, рече Гапо.

Таа кажа дека пред скоро 25 години започнала нивната приказна, а во 2022 година се згрижило првото дете во СОС Детско село.

За сите овие години имале поддржано над 5.600 деца, семејства, млади и претворени многу солзи во многу насмевки.

- Во моментов работиме и поддржуваме 86 згрижувачки семејства во рамки на што се сместени 158 деца, исто така четири младински куќи, програма за млади каде се згрижени 28 млади од 14 до 18-годишна возраст, значи без родители и родителска грижа и 52 биолошки семејства во рамки на што има 152 деца преку нашата програма за позитивно родителство. Во државата има вкупно околу 380 згрижувачки семејства со 660 корисници, појасни таа.

На прес-конференцијата беше најавен првиот „Media takeover day“ во државава и премиера на хуманитарната песна „Насмевка“, создадена од Игор Атанасоски - Гуру Харе, со поддршка од 10 македонски музички ѕвезди.

Шефот на Баер Леверкузен откри дали Вирц се договорил со Баерн Минхен

Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, ги негираше информациите дека плејмејкерот на „аспирините“, Флоријан Вирц, се согласил да се приклучи на шампионот на Бундеслигата, Баерн Минхен.

Шефот на Баер Леверкузен откри дали Вирц се договорил со Баерн Минхен

-Знам дека ова не е вистина и досадно е да се читаат статии што не се вистинити, изјави Каро за „РТЛ“.

Тој исто така рече дека клубот има добри односи со Вирц и неговите родители, а неговиот татко е и негов агент.

-Секако, Флоријан мора да размисли за својата иднина, но барем засега, не знаеме за никаква негова одлука. Тоа е вистината, додаде Фернандо Каро на темата.

Весникот „Билд“ веќе објави дека германскиот репрезентативец се согласил да се приклучи на Баерн ова или следното лето за 100 милиони евра.

Играчот од средниот ред има договор со „аспирините“ до летото 2027 година, а за него е заинтересиран и Манчестер Сити. Менаџерот на „небесно сините“, Пеп Гвардиола, го сака Вирц како замена за Кевин де Бруин, кој го напушта Сити.

Семејството на Флоријан Вирц отпатува во Манчестер во вторникот, но засега нема коментари за тоа што било договорено на англиска почва.

притисни ентер