„Само Вистина” со Ели Панова и Сања Лукаревска - 05.05.2025 - дел 2 - Канал 5

Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа изјави дека е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа, поради проширената израелска офанзива, и повика на прекин на насилството.

Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа.

„Шокиран сум од вестите од Појасот Газа. Цивилите гладуваат, болниците повторно беа погодени во воздушни напади. Насилството мора да престане“, напиша Кошта на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека израелската Влада „мора веднаш да ја прекине блокадата и да обезбеди безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош“.

Израелските власти вчера објавија дека ја прошируваат својата офанзива за поразување на палестинското движење Хамас во Појасот Газа, и покрај зголемените меѓународни повици за прекин на огнот по 19 месеци разорна војна.

„Тоа што се случува во Газа е хуманитарна трагедија. Целата нација е изложена на огромна и непропорционална воена сила. Трајно прекинување на огнот и итно и безусловно ослободување на сите заложници се поитни од кога било“, рече Кошта.

Од Багдад, каде што учествува на самитот на Арапската лига, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е „вознемирен од плановите на Израел за проширување на своите копнени операции“.

Гутереш повторно повика на траен прекин на огнот и прекин на израелската блокада на хуманитарна помош за Газа, воведена на 2 март./МИА

Земјотрес во Охрид, Струга и околината

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот во 5 часот и 7 минути е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес во Охрид, Струга и околината

Утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрирани се земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот во 5 часот и 7 минути е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија посветена на странски инвестиции

Турски „Шахтерм“ гради фабрика во Скопје, следи и инвестициски циклус во изградба на модерна карго и брза патничка железница, енергетски капацитети, болници.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија посветена на странски инвестиции

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот, Христијан Мицкоски посветено и макотрпно работат да го вратат достоинството на државата и да обезбедат подобар живот и повисок животен стандард за сите граѓани.

Со посветена работа на Владата, Македонија чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

За таа цел, ги подобрува билатералните односи со моќните и влијателни држави во Европа и светот, и обезбедува бизнис клима која привлекува странски инвестиции кои во Македонија отвораат нови и добро платени работни места.

Соработките со државите и директните странски инвестиции се клучни за раст и развој на економијата, зголемување на БДП, намалувањето на јавниот долг, како и за растот на платите и со тоа за подобрување на животниот стандард.

Турската компанија „Шахтерм“ започна со изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје, која е инвестиција во вредност од 100 милиони евра и отворање 1.000 работни места. Компанијата има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство и е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво.

За Македонија претставува особена чест затоа што ова ќе биде прв производствен капацитет на компанијата надвор од Турција, но и потврда дека владините политики за овозможување подобра бизнис клима, даваат резултати.

Со цел развој на државата, Македонија отвора ново поглавје и во дипломатијата и меѓународните односи. После стратешкото партнерство со САД, Македонија постигна договор за стратешко партнерство и со Обединетото Кралство.

Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, ќе биде основата за инвестициски циклус од околу 6 милијарда евра, како и соработката во трговијата, инфраструктурата, енергетиката, доброто владеење и борбата против организираниот криминал.

Инвестицискиот циклус преку стратешкото партнерство ќе претставувала сериозен импулс за македонската економија, затоа што ќе се инвестира во енергетиката и инфраструктурата, ќе се изгради модерна карго и брза патничка железницата од Табановце до Гевгелија.

Значаен дел од договорот ќе бидат и инвестициите во здравството, како изградбата на нови болници, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Исто така, ќе се заврши проектот на клиничката болница во Штип и ќе се изгради зграда на новиот медицински факултет, како и нов студентски дом.

Целта е Македонија да биде дестинација во која големите странски корпорации ќе ги шират своите бизниси, кои ќе бидат сериозен инпут во економијата и ќе отворат нови добро платени работни места.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер