„Само Вистина” со Алберт Муслиу и Петар Богојески - 01.07.2025 - дел 1 - Канал 5

Трајановски: Македонија во инфраструктурна експанзија, направивме патишта во должина од 100 километри

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи и ние оставаме дела зад себе, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта на вечерашната трибина.

Трајановски: Македонија во инфраструктурна експанзија, направивме патишта во должина од 100 километри

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи и ние оставаме дела зад себе, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта на вечерашната трибина насловена како Инфраструктурен бум – ги градиме темелите на промените во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Гевгелија.

Трајановски информираше за тоа каква состојба затекнал во претпријатието и што се е направено за овој краток период од една година Влада.

„Кога дојдов за директор верувајте дека сите делници беа замрени, не се работеше механизацијата или ја немаше или пак не работеше. Успеавме да направиме патишта, експресни и автопати во должина од 100 километри“, кажа Трајановски.

Директорот информираше за реализираните патни правци во овој период.

„Од Страцин до Крива Паланка, од Градско до Дренево од Дреново до Фариш, го пуштивме и патот од Врбјани до Ботун кој по 11 години беше пуштен. Тоа е одлика на наше домаќинско и одговорно работење. Ние поставуваме нови стандарди за работење во сите институции“, вели Трајановски.

Трајановски додаде дека тука не се сопира и оти се работи на уште многу други патни правци.

„Работиме на еден од најважните правци Кичево – Охрид, интензивно работиме за по 13 години или се надевам следната година да го пуштиме и тој патен правец“, изјави Трајановски.

Според Трајановски Македонија се наоѓа во една експанзија на патна инфраструктура.

“Веќе го објавивме тендерот за Скопје - Блаце за оние фамозни 10 километри. Тие почнаа од Блаце кон Скопје и направија само два километри кои завршуваат во еден дол“, информираше Трајановски, се наведува во партиското соопштение.

Ивановски: Бугарија даде ветување дека ќе работиме заеднички на пругата по Коридор 8

На денешната панел дискусија на тема „Инфраструктурен бум, ги градиме темелите на промените“ се обрати претседателот на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, и директор на ЈП ЖРСМ, Синиша Ивановски.

Ивановски: Бугарија даде ветување дека ќе работиме заеднички на пругата по Коридор 8

Ивановски на самиот почеток истакна дека пругата станува број еден транспорт во цела Европа, па како резултат на тоа и Македонија ќе го следи тој чекор.

„Свесни сме дека и на европско ниво пругата станува број еден транспорт за сите граѓани во цела Европа, и ние мораме да го следиме тој огромен чекор за да дојдеме до некое исто ниво. Во Македонија пругата е многу едноставна Север-Југ од Србија до Грција, и Исток-Запад од Бугарија према Албанија, ќе имаме брза пруга од Србија према Грција поминувајќи низ Гевгелија, но паралелно се гради во моментот од Скопје према Софија поделено на три дела, првиот од Скопје до Куманово веќе постои одамна, Куманово до Бељаковце завршен овој февруари, моментално се гради Бељаковце-Крива Паланка тој е околу 35 километри, имаме прогрес околу 30-35% со некој рок за завршување отприлика за едно година и пол“, објасни Ивановски.

Ивановски рече дека Бугарија на состанокот во Брисел дала ветување дека заеднички ќе се работи на изградбата на тунелот.

„Можам да кажам дека, вчера јас лично бев во Брисел на покана на ЕУ каде што Македонија и Бугарија имаа состанок околу решавањето на тунелот, вчера и Бугарија сериозно ветување дадоа дека ќе работиме заеднички да го работиме овој тунел а паралелно они веќе почнуваат со постапки за пругата од Бугарија кон граница со Македонија во четири дела да биде реконструирана, изградена со тоа што ќе добиеме пруга од Скопје до Софија со некоја идеална брзина од 100-120км на час, но акцентот во железничкиот транспорт во Македонија ќе биде од влез од Србија до Македонија до излез кај Гевгелија према Грција да имаме со 160 на час патнички сообраќај со минимален број на застанувања“, истакна Ивановски, се наведува во партиското соопштение.

Се преврте автобус полн со ученици во Англија, спасувачите на терен

Вонредна состојба е прогласена откако автобус што превезувал деца на училишна екскурзија се преврте во близина на Мајнхед, Сомерсет.

Се преврте автобус полн со ученици во Англија, спасувачите на терен

Службите за итни случаи реагираат на несреќата на патот А396 Каткомб Хил, помеѓу Веден Крос и Тимберкомб, соопшти полицијата на Ејвон и Сомерсет, објави Скај њуз.

Неколку лица се повредени и однесени во болница.

Автобусот, кој превезувал помеѓу 60 и 70 лица, излетал од патот околу 15 часот по локално време. Се движел кон основното училиште Мајнхед.

Полицијата соопшти дека повеќето патници биле евакуирани од автобусот и однесени во прифатен центар.

Противпожарната и спасувачка служба на Девон и Сомерсет работи на ослободување на преостанатите патници, додека Службата за брза помош на Југозападна Англија исто така била на местото на настанот.

Питер Прајор-Сенки, директор на автобуската компанија Ридлерс, изјави за Скај њуз дека бил „информиран за инцидентот во кој учествувало едно од нашите возила со 70 седишта околу 15:15 часот“.

„Оттогаш сме во контакт со училиштето и службите за итни случаи, додека се обидуваме да го разбереме обемот на инцидентот“, рече тој.

„Секој во Ридлерс, секако, е длабоко загрижен и нетрпелив да слушне повеќе - особено во врска со состојбата на возачот и патниците.“

„Додека чекаме дополнителни информации од полицијата и другите служби за итни случаи, нашите мисли се секако со учениците и нашиот возач. Ќе направиме сè што можеме за да откриеме точно што се случило.“

Полицијата од Ејвон и Сомерсет соопшти дека „работи со училиштето“ за да им помогне на патниците, кои веќе се евакуирани од автобусот, да се вратат кај своите семејства што е можно поскоро.

„Полициските службеници се во училиштето за да помогнат во овој процес и би ги замолиле сите родители да се упатат таму“, соопшти полицијата.

Автопатот А396 останува затворен, а на жителите им се советува да ја избегнуваат областа.

Во објава на X Network, локалната пратеничка Рејчел Гилмор напиша: „Слушнав за вознемирувачки сообраќаен инцидент во областа Веден Крос попладнево. Службите за итни случаи се на лице место, ве молиме да им дозволите простор да работат. Моите мисли се со сите вклучени во овој инцидент.“

притисни ентер