Тие се пријавија да волонтираат во 19 градови во Валенсија преку мрежата Телеграм, каде што добија упатства и предупредувања за опасностите, вклучувајќи го и бројот на километри што ќе треба да ги поминат за да стигнат до погодените.
Волонтерите, кои се претежно млади луѓе, биле предупредени дека „патиштата пропаѓаат, а итните служби имаат проблеми да си ја вршат работата“.
Во вторникот во источна централна Шпанија падна дожд колку за една година, а во поплавите загинаа најмалку 207 луѓе за само неколку часа.
Валенсија е најпогодениот регион од поплави. Група млади мажи во Паипорт, едно од најтешко погодените предградија на Валенсија, изјавија за агенцијата Ројтерс, на прашањето каде се упатени, „каде и да е потребна помош“.
Поплавите, кои го погодија регионот пред три дена, се најсмртоносната катастрофа што ја погодила земјата во модерната историја, а досега се потврдени 207 смртни случаи.
Поплавите ја уништија инфраструктурата на Валенсија, мостовите, патиштата и железницата, а потопено е земјоделско земјиште во регионот, кое произведува околу две третини од шпанското цитрусно овошје, како што се портокалите, кои земјата ги извезува низ целиот свет.
Регионалните власти денеска им се заблагодарија на волонтерите во објава на платформата Х, но побараа од луѓето да не доаѓаат во најпогодените области, велејќи дека присуството на голем број волонтери може да го отежни пристапот до службите за итни случаи.
Од денеска 500 припадници на армијата се распоредени за помош на регионот Валенсија погоден од поплавите.
Во меѓувреме, властите во Севилја се загрижени поради поплавите и нивото на водата на реките Кормонес и Гуадаира, каде нивото на водата продолжува да расте, што предизвика портокалова тревога, изјави денеска официјалниот претставник Франциско Тоскано.
„Се консултиравме со Цивилната заштита за можноста за прекин на сообраќајот на еден од мостовите поради поплави, но нивото паѓа“, објасни на Хесус Мора, делегат за урбанистичко планирање на градот Алкала де Гвадаир, во близина на Севиља, објави „Ел Паис“.
Во исто време, реката Корбонес го достигна својот „историски максимум“ во делот што тече низ градот Кармона, поради што е затворен еден автопат, пренесува „Ел Паис“.