„Само Вистина” 12.05.2025 - На кратко со Мирјана Најчевска - Канал 5

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во  мај годинава се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4  проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 000 денари, што е за 34,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Најголем број од издадените одобренија, 255 (54,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 110 (23,5 проценти) се за реконструкција, а 104 (22,2 проценти) за нискоградба. На 232 (49,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 237(50,5 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 метри квадратни. Од вкупниот број станови, во Скопскиот регон се 441, во Полошкиот 295, во Југоисточниот и во Вардарскиот по 120, во Југозападниот 39, ..

Црн викенд на Егејот: Три лица се удавија во еден ден на лазлични дестинации во морето во Грција

Вчера во различни делови од Грција, се удавиле три лица.

Црн викенд на Егејот: Три лица се удавија во еден ден на лазлични дестинации во морето во Грција

Според крајбрежната стража, во недела напладне, пристанишните власти во Солун биле информирани дека во морскиот дел на пристаништето А е пронајдено тело на жена. Жената била на возраст од околу 50-55 години, но не се познати повеќе детали. Не е познато од која националност е жртвата.

Прелиминарната истрага ја спроведува Централната пристанишна управа на Солун.

Во недела попладне, 82-годишен Грк бел пронајден во несвест на плажата Плака на Тилос. Тој веднаш бил пренесен со брза помош од ЕКАБ во болницата Ливади на Тилос, каде што бил прогласен за мртов, пишува Прототема.

Кратко потоа, друг граѓанин на 88 годишна возраст е пронајден во несвест на плажата Микиверна во Полигирос, Халкидики. Во тек е прелиминарна истрага за причината за смртта.

Летната сезона е во полн ек во Грција, па затоа на туристите им се препорачува да бидат внимателни.

Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните

Бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130 739, од кои 22.4 % се домашни, а 77.6 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. 

Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните

Во мај се евидентирани 231 313 ноќевања, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските.

Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските зголемување за 23.6 %.

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 12.0 %. Кај домашните туристи има намалување за 0.3 %, а кај странските зголемување за 18.7 %.

притисни ентер