„Само Интервју“ вечерва со Бујар Османи

Во вечерашното „Само Интервју“ ќе гостува Бујар Османи 

Почитувани сограѓани, дали во декември ќе се оставри сонот за почеток на преговори со ЕУ или ќе паднеме во уште една колективна депресија, вечерва во Само Интервју, Гоце Михајлоски одговори ќе бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

По европски или по балкански „терк“ Бугарите го напишаа меморандумот до земјите на ЕУ?

Тајни „алатки“ или прикриен „патоказ“ кон ЕУ, зошто Заев е толкав оптимист, кога Борисов во најмала рака е резервиран?

Како да не бидеме дел од предизборниот политички дискурс на Бугарија, дали толкава количина полтичко „трпение“ полека ни ја „витка“ кичмата или поскоро ќе не однесе во ЕУ?

"Pse jo" нема премиер Албанец - дали желбата да се остане на власт беше посилна од принципите? За бурната политичка и ковид есен, вечерва во Само Интервју со Бујар Османи, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Научна конференција „Македонците и граѓанската војна во Грција, 75 години потоа“

75 години од граѓанската војна во Грција која предизвика егзодус на десетици илјади Македонци од Егејска Македонија ширум светот, здружението Тга за југ го чува споменот за трагични настани, но дали и државата?

На меѓународната конференција што се одржа во Инситутот за македонски јазик, историчарот Тодор Чепреганов оцени дека по Преспанскито договор, практично самите сме се откажеле од сонародниците Грција.

-За жал со преспанскиот договор сега таму немаме македонци, туку имаме народ кој зборува јазик различен од грчкиот, се поставува и прашањето кои се тие македонци кои што учествувале во граѓанската војна ако не ги именуваме како македонци, затоа што сега имаме антички македонци во Грција и имаме овде на оваа страна други македонци, кои се тие е големо прашање.- Тодор Чепреганов - Историчар

Но, од здружението на децата бегалци - „Т’га за југ“ – велат дека Преспанскиот договор има и позитивни страни, па за разлика од некогаш кога се шепотел македонскиот јазик, денеска работите се променети на подобро.. Се најавуваат отворања на културни центри, послобдно се говори на македонски, се пеат песни и се обновува мелосот, велат од здружението...

-Ние многу тешко го примивме преспанскиот договор, промената на името за нас беше неприфатливо, меѓутоа па од друга страна мора да се признае дека после тој преспански, тој кобен преспански договор, малку по малку грците почнаа малку попријателски спрема нас, спрема нашите таму.- Евгенија Николовска – Републичко здружение на деца бегалци – Тга за Југ

Во војната за идеали помеѓу капитализмот и комунизмот во Грција, од 1946-49, Македонците влегле во борба на страната на комунистите од ДАГ со надеж за обединување и реализација на националните права.. Војната со помош на англиоските вооружени формации, ја добиле владините сили, кои преку палење и убиства, протерале според проценкит околу 50.000 Македонци, кои никогаш повеќе не смееле да се вратат во своите родни краеви.

Ерменските банки повеќе нема да прифаќаат руски банкарски картички „Мир“поради страв од санкции

Ерменските банки денеска објавија дека повеќе нема да прифаќаат руски платежни картички „Мир“ поради санкциите на Западот наметнати на Москва поради инвазијата на Украина.

Таа мерка стапува на сила утре и е слична на овонеделната одлука за мобилниот систем за плаќање „Самсунг Пеј“ („Samsung Pay“).

Одлуката е донесена во контекст на зголемените тензии меѓу Ерменија и Русија, чиј традиционален сојуз се чини дека се повеќе се доведува во прашање, пишуваат француските медиуми.

Во септември 2022 година, американското Министерство за финансии им се закани на странските банки со секундарни санкции доколку прифатат трансакции со рускиот платен систем „Мир“.

Банкарските картички „Мир“ им овозможуваат на Русите да вршат плаќања и да повлекуваат пари во некои странски земји.

На крајот на февруари американското Министерство за финансии воведе санкции за тој платен систем, со оглед на тоа дека им помага на Русите да „избегнат санкции“.

Сојузот на ерменските банки објави дека комерцијалните банки од утре ќе престанат да прифаќаат „Мир“ картички поради ризик од секундарни санкции. Исклучок ќе бидат картичките издадени од ерменската филијала на руската банка ВТБ, која е контролирана од руската држава.

По воведувањето на драстични западни санкции на почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ерменските банки имаа голем прилив на пари од Русија, а како резултат на тоа нивниот профит се зголеми за три пати.

Илјадници Руси, исто така, најдоа засолниште во кавкаската земја за да ја избегнат репресијата и изгледите за мобилизација.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

притисни ентер