„Само Интервју“ со Панче Тошковски

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

Има ли на повидок решение за проблемот со пасошите? Се креира ли намерно хаос со личните документи во предизборието или само така ни се чини?

Ни претстои ли фер и демократски или тежок и историски изборен процес? Има ли доволно време за прочистување на избирачкиот список?

Предизборен фолклор или проблеми од под тепих, можно ли е поместување на „црвените“ линии на ВМРО-ДПМНЕ доколку од тоа им зависи фотелјата на Илинденска?

Се користи ли политичката сцена за спас од гонење за корупциските скандали?

Од адвокат до технички министер, има ли Тошковски амбиции стане прв полицаец доколку има политички пресврт?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Панче Тошковски, веднаш по вестите во 18 часот.

Србија/Истражување: Секој трет ученик учествува во најмалку една тепачка годишно

Третина од учениците учествувале во тепачка најмалку еднаш во текот на годината, покажа истражувањето за здравственото однесување на училишните деца во Србија во учебната 2021/2022 година спроведено од Институтот „Батут“.

Весникот Политика денеска објави дека има забележителен пораст на агресивното однесување на девојчињата и дека ученичките почесто ги злоупотребуваат своите врсници во споредба со претходното истражување спроведено во 2018 година.

Психологот Ана Мирковиќ за Политика вели дека истражувањето на однесувањето и навиките на училишните деца покажува дека општеството во кое живееме станува се поагресивно. „Децата и младите растат во култура на насилство, во која агресијата е сеприсутна и стана валута за комуникација“, рече Мирковиќ.

Околу 41 отсто од учениците во прво одделение во средно училиште изјавиле дека првата сексуална врска ја имале на 15 години, а петтина дека првото интимно искуство го доживеале на 11 години.

Истражувањата покажаа дека учениците го поминуваат најголемиот дел од слободното време користејќи интернет, а секој 11-ти ученик ги користи социјалните мрежи повеќе од седум часа дневно.

Секој петти испитаник изјавил дека му е полесно да зборува за своите чувства на интернет отколку лично.

Речиси 40 отсто од учениците се чувствувале нервозни еднаш неделно или почесто, додека третина биле раздразливи, а петтина се жалеле на повремена несоница.

Истражувачкиот примерок го сочинуваа 198 паралелки од петто и седмо одделение од основните училишта и од прво одделение од средните училишта, а на прашањата на институтот „Батут“ одговориле вкупно 3.713 испитаници.

„Гответе со Дракче“ - Мафин од боровници во смути

Во петок (12.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јоце Панов)

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. боровници

90 гр. овесни снегулки

80 гр. грчки јогурт

50 мл. нискомасно млеко

1 лажичка мед

малку екстракт од ванила

малку цимет

по желба дозерка протеин од ванила

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк, не ги извршуваат работните обврски

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк, не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники.

Над 400 специјализанти од денеска стапија во генерален штрајк, нема да прегледуваат пациенти или да одат во операциона сала се до исполнување на нивните барања. Приватните специјализанти со месеци бараа да биде вреднуван нивниот труд.

Специјализантите добија право на месечен надоместок пред 5 години и негова корекција согласно порастот на минималната плата, со плата од 26 000 денари, се водат како невработени со договор на дело без ниту еден ден стаж, без платено пензиско и здравствено осигурување. А жените специјализанти немаат ниту платено породилно отсуство. Денеска им било ветено дека во 14 часот ќе се сретнат со претставник од владата

притисни ентер