„Само Интервју“ со министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи

Не можеме без ЕУ, тоа ни е „Павлов рефлекс“.

Беше тежок предизвик да се сретнат Блинкен и Лавров, но и историска одговорност дали ќе преживее организацијата. Гласот не се крева пред камери, туку на состаноци, по самитот на ОБСЕ ние како држава имаме друга тежина. Пржинската влада е повеќе од рамен терен.

ВМРО-ДПМНЕ ги плаши граѓаните со „бугарофобија“, „еуфобија“ и плашење од Албанците. За Меџити најдобро кажува Ахмети, тој и кога плука, плука нагоре и му паѓа на лицето. Ахмети има мисија и визија овде да има еднакви граѓани. Од петок започнуваат разговорите во ДУИ, Ахмети разговара на ниво на претседателства во однос на настап на изборите, сите опции се отворени, на претседателските избори ќе се кристализира европскиот корпус на партии. До последен ден треба да продолжиме со придобивање на јавноста и граѓаните за уставните измени. Преговарачката рамка е филтерот на бугарските барања.

Ние во наредните 6 месеци ќе мора да најдеме начин да ги спроведеме уставните измени, без ЕУ не можеме, тоа ни е „павлов рефлекс“.

Палестинците го прославуваат прекинот на огнот, побрзаа да се вратат во своите домови (ВИДЕО)

Прекинот на огнот во Газа, договорен меѓу Израел и Хамас, стапи на сила денеска во 11:15 часот по локално време (10:15 часот по средноевропско време), соопшти Кабинетот на израелскиот премиер.

Израел доби список на заложници во Газа кои ќе бидат ослободени попладнево, а израелскиот безбедносен персонал ги проверува „деталите“, соопшти кабинетот на премиерот.

Владата соопшти дека почнала да ги известува семејствата на тројцата заложници кои ќе бидат ослободени преку претставници на израелската војска.

Палестинците го дочекаа историскиот прекин на огнот со прослави на улиците на Газа.

Штом стана јасно дека прекинот на огнот стапил во сила, тие се упатиле кон своите домови.

Прекинот на огнот, кој првично требаше да стапи на сила во 7:30, беше одложен бидејќи Израел побара да добие список на заложници пред да го спроведе договорот за прекин на огнот.

Хамас тврдеше дека техничките причини на теренот го одложуваат доставувањето на списокот.

Израелската армија, по истекот на првичниот рок од 7:30 часот за почеток на примирјето во Газа, погоди цели низ палестинската енклава, потврдија нејзините жители, а израелските сили објавија дека нападнале „терористички цели“ во Газа со тенкови.

Во израелските воени напади денеска загинаа најмалку осум Палестинци низ Газа поради доцнењето во спроведувањето на прекинот на огнот, соопшти палестинската служба за вонредни состојби. Најмалку 25 се ранети.

МОН: Утре почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие за основците и средношколците почнува утре, 20 јануари. 

Според календарите за работа, наставната година во основните и во средните училишта завршува на 10 јуни, освен за матурантите, за кои редовната настава завршува на 16 мај 2025 година.

По повод почетокот на вториот дел од учебната година, министерката за образование и наука Весна Јаневска на учениците, наставниците и родителите им посака успешно совладување на новите предизвици, нагласувајќи дека секој треба да придонесе во градењето пријателски и безбедни училишта, во кои владее култура на разбирање и соработка. Тоа се важни предуслови за стекнување квалитетни знаења, вештини и компетенции, кои младите ги оформуваат како одговорни граѓани и идни лидери на инклузивно, праведно и просперитетно општество.

Министерство за образование и наука

Стапи на сила примирјето во Газа

Прекинот на огнот во Газа стапи на сила во 11:15 часот (по локално време), соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Претходно, израелската влада потврди дека Хамас и доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот.

Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), но беше одложено бидејќи Хамас навреме не ги соопшти имињата на заложниците кои треба да бидат ослободени поради, како што наведоа „технички причини“.

притисни ентер