Кина забранува изградба на многу високи облакодери

Кина забрани изградба на многу високи облакодери во „помалите“ градови. Односно, во градовите со помалку од три милиони жители ќе биде забрането да се градат облакодери повисоки од 150 метри.

Во градовите со поголемо население ќе може да се градат објекти високи до 250 метри, пишува Би-Би-Си.

Кина е дом на некои од највисоките облакодери во светот, меѓу кои Шангајската кула висока 632 метри и меѓународниот финансиски центар Пинг Ан во Шенжен, висок 599 метри.

Локалните извештаи наведуваат дека иако облакодерите се практично решение во пренаселените градови како Шангај и Шенжен, нема потреба од нив во помалку населените области.

Кинеските власти се почесто ги критикуваат скапите и за нив „празни“ проекти, сметајќи дека тоа е всушност суета на локалните градежници и инвеститори.

„Живееме во време кога луѓето само сакаат да направат нешто за да останат во историјата“, изјави неодамна Џанг Шангву, заменик-шеф на Факултетот за архитектура и урбанизам на Универзитетот Тонги.

Кинеското Министерство за домување и урбанистичко-рурален развој и Министерството за управување со вонредни состојби во вторникот соопштија дека градовите со помалку од три милиони жители ќе треба да аплицираат за посебно одобрение, односно дозвола доколку сакаат да градат облакодери високи над 150 метри. Со услов во никој случај да не можат да градат објекти повисоки од 250 метри.

Шилегов ги прифати барањата за водно од иницијативата „Го сакам Водно“

„Водно е бисерот на Скопје и не смее да го вратиме во рацете на неговите уништувачи“.

„Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата „Го сакам Водно“ дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам и за свои. Изминатите четири години направивме многу за омиленото место за рекреација на скопјани. Воведовме ред во паркирањето, воведовме бесплатни автобуски линии, набавивме нова противпожарна опрема и возила само за планината и организиравме спасителни служби за рекреативците. Парите од паркингот ги инвестиравме во нови детски содржини и во две патеки за планински велосипедизам“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

„Водно го штитевме заедно со активистите во долгите и мачни преговори за гасоводот кој го наследивме како проблем. Успеавме да ја измениме трасата во критичните четири километри каде требаше да се пресече шума, но и успеавме да ја преполовиме ширината на коридорот со што дополнително заштитивме илјадници дрвја на Водно. Успеавме да обезбедиме средства од државата за компензација и пошумување на ерозивните подрачја на планината“, кажа Шилегов.

„Во мојата програма недвосмислено изјавив дека нема да дозволам покачување на градежната линија и дека јужната обиколница на Скопје (автопатот на Коце Трајановски низ падините на Водно) ќе биде избришан од новиот ГУП. За разлика од мојата противкандидатка, јас нема да сечам нова шума за нов коридор на жичницата до градот. Јас нема да дозволам гондоли да поминуваат над главите на жителите на Водно, Козле и Капиштец. Јас нема да дозволам пробивање на нови патишта како што правеа нејзините сопартијци. Ниту пак ќе дозволам нови сончеви населби на падините на Водно, како што правеа нејзините другари“, потенцира Шилегов.

„Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата „Го сакам Водно“ дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам за свои. Специјалниот закон за Водно е заедничка заложба со МЖСПП и Владата. Изработката на просторниот план со зонирање на Водно како простор од посебен интерес за Скопје е исто така моја заложба и планирам да ја изведам во соработка со централните институции. Денес ги задолжив службите во градот итно да постапат по одлуката на Владата за прогласување на Водно во заштитена зона и да испратат барање до Агенцијата за Просторно Планирање за изработка на Просторен План за Водно. Се надевам на вашата поддршка во вториот круг и на плодна соработка во вториот мандат“, вели градоначалникот Шилегов.

СДСМ Скопје

Османи се обрати на приемот по повод Националниот ден на Чешката Република

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се обрати на одбележувањето на Националниот ден на Чешката Република, што се одржа во Музејот на современа уметност, во  организација на Амбасадата на Чешката Република во Македонија.

Османи во своето обраќање упати честитки и желби за просперитет на Чешката Република и благосостојба на нејзините граѓани. Исто така, министерот посочи дека во изминатите 27 години воспоставени дипломатски односи меѓу двете земји, со заеднички напори, Македонија и Чешка успеале да стекнат високо ниво на меѓусебна доверба и разбирање, да изградат одлични пријателски билатерални односи и да воспостават продуктивна соработка во многу сектори.

„Чешката Република е вистински пријател на Северна Македонија. Земјата беше и останува искрен и гласен поддржувач на нашата европска интеграција, а како две земји сојузнички во НАТО, демонстрираме единство и солидарност во справувањето со предизвиците што се производ на глобалните безбедносни промени. Ова пријателство не се демонстрира само во контекст на нашата евроинтеграција, туку напротив, изминатите години Чешка покажа солидарност и понуди помош во неколку наврати, во справувањето со мигрантската криза во 2015, но и во справувањето со КОВИД пандемијата", истакна Османи.

На настанот организиран од амбасадата на Чешката Република за одбележување на нивниот Национален Ден, присуствуваа претставниците на дипломатскиот кор во земјата и бројни претставници од државните, но и невладините институции во земјата.

притисни ентер