На 2 септември во Вашингтон средба на српски и косовски претставници

На 2 септември во Вашингтон ќе се одржи средба на претставниците на Србија и Косово на покана од специјалниот американски пратеник за преговорите, Ричард Гренел, кој утрово на твитер ја објави информацијата за тоа.  

Веста ја потврди на фејсбук и косовскиот премиер Авдулах Хоти со најава дека во Белата куќа ќе се разговара за теми од областа на економијата, кои, според него , „ќе ја сменеле економската перспектива на Косово и на регионот“. благословени сме што имаме такви пријатели напиша Хоти на Фејсбук.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи на Твитер ја поздрави поканата од Вашингтон за Приштина и Белград, меѓутоа не кажа дали и тој ќе учествува на неа.

И српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе учествуваат на средбата во Вашингтон, истакнувајќи дека ќе се разговара за економски теми кои се важни за Србија.

Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Таа одлука ќе важи од утре, 15 август и нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Од утре сите граѓани на Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест кој нема да биде постар од 48 часа, решено е денес на седницата на Кризниот штаб, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа одлука ќе важи од утре, 15 август и нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Таа додаде дека пропишаниот период од 48 часа започнува да тече од моментот на издавање на сертификатите од страна на лабораториите.

Кисиќ Тепавчевиќ посочи дека таквата одлука е донесена врз основа на проценка на епидемиолошката состојба, како и врз основа на трендот на заболување од коронавирусот.

Таа изјави дека е донесена одлука од утре да не важат рестрикциите за граѓаните на Црна Гора во однос на влегувањето во Србија.

Денес Црна Гора најави укинување на забраната за влез во таа земја за српските државјани, а директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора , Бобан Мугоча, изјави дека услов за влез во Црна Гора, најверојато, ќе биде негативен тест за коронавирус.

ДОМ за барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч

ДОМ смета дека сите политички субјекти треба да покажат одговорност и конструктивност, да ја остават зад себе предизборната популистичка реторика и да ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските интереси.

За зелената партија ДОМ барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч е неприфатливо затоа што води кон поделеност на македонското општество, подем на национализмот и претставува закана за општествениот систем и современиот граѓански концепт-едно општество за сите. Премиерската функција не смее да се претвори во "весела математика", од типот 1+3, 2+2, 3+1. Дополнително, ротацијата на премиерската позиција би можела во иднина да стане пракса и за други политички функции што би довело до нефункционалност на институциите.

ДОМ смета дека сите политички субјекти треба да покажат одговорност и конструктивност, да ја остават зад себе предизборната популистичка реторика и да ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските интереси.

Евроинтеграцијата, владеењето на правото, справувањето со здравствените и социо-економските предизвици од корона кризата како клучни приоритети на идната Влада, презентирани од мандатарот Заев, претставуваат принципиелна основа за обединување на различни политички субјекти и формирање парламентарно мнозинство и нова Влада.

ДОМ бара во Програмата на идната Влада да бидат вградени и принципите на Европскиот зелен договор на Европската Унија, за ефикасна борба против климатските промени и загадувањето на животната средина и заштита на биодиверзитетот.

ДОМ – Канцеларија за односи со јавност

притисни ентер