„Само Интервју“ со Димитар Ковачевски 31.10.2024 - 1 дел - Канал 5

САД одобрија продажба на воени хеликоптери за БиХ во вредност од 100 милиони долари

 Стејт департментот донесе одлука за одобрување на можна продажба на хеликоптери AW-119Kx и придружна опрема на Босна и Херцеговина за проценета цена од 100 милиони долари.

САД одобрија продажба на воени хеликоптери за БиХ во вредност од 100 милиони долари

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка го издаде потребниот сертификат со кој го извести Конгресот за оваа можна продажба, објавено е на веб-страницата на Стејт департментот.

Босна и Херцеговина побара набавка на хеликоптери AW-119Kx, квалификација и обука на пилоти, поддршка од претставници на теренски служби во земјата, прегледи на управувањето со програмата, техничка помош, поддршка на производи, придружна опрема за поддршка на авијацијата на земја, опрема за поддршка на земја специфична за платформата и други поврзани елементи на логистика и поддршка на програмата, пренесе порталот Кликс.ба.

- Предложената продажба ќе ги поддржи целите на надворешната политика и целите на националната безбедност на САД со подобрување на безбедноста на партнерска земја која е сила на политичка стабилност и економски напредок во Европа. Предложената продажба ќе ја подобри способноста на Оружените сили на Босна и Херцеговина (ОСБИХ) да се соочат со сегашни и идни закани поддржувајќи регионални и вежби за соработка на НАТО, се наведува во одлуката.

Се додава дека леталата исто така ќе им овозможат на ОСБХ подобро да ги поддржат мисиите за помош при катастрофи, пребарувања и спасувања, како и мисиите за хуманитарна помош во земјата, а ќе служат и за обука на пилоти. Реализацијата на предложената продажба бара доаѓање на до пет дополнителни претставници на Владата на САД и до седум претставници на изведувачите во Босна и Херцеговина во траење до пет години заради поддршка на работата на опремата и обуката.

Претходно, министерот за одбрана на Босна и Херцеговина најави дека Босна и Херцеговина ќе набави пет нови хеликоптери од САД.

Царинска управа: Запленети тутунски производи, автоделови, лекови за животни, облека, ....

Запленети тутунски производи, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, девизи...

Царинска управа: Запленети тутунски производи, автоделови, лекови за животни, облека, ....

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, никотински ќесички, електронски цигари, тутун, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, производи за сценски ефекти, девизи и фалсификати.

Во контроли на влез во државата на граничен премин Богородица, Табановце како и во внатрешноста на државата, спречени се обиди за криумчарење тутун, при што запленети се 53 штеки цигари, 19 килограми режан тутун, како и 480 никотински ќесички, за коишто сторителите требало да платат вкупни давачки од 355 илјади денари.

Во два одвоени случаи, при контрола на два камиони пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица откриени се 24 штеки цигари без акцизни маркички.

- Во првиот случај, под тапацирите во кабината на камион со бугарски регистарски таблички кој бил управуван од македонски државјанин, пронајдени се 12 штеки цигари.

- Во вториот случај, во две ќеси сместени во просторот кај моторот на влекач со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пронајдени се 12 штеки цигари.

На влез во држвава на граничниот премин Табановце во патничко комбе управувано од страна на македонски државјанин пронајдени се 480 никотински ќесички од 14 гр од 13 гр, како и 120 електронски цигари со никотин од 50 мг.

Мобилни царински тимови на влез во држвава на граничниот премин Богородица запленија 20 штеки цигари без акцизни маркички. Цигарите се пронајдени сокриени во фабричка празнина позади управувачката табла и во преграда за алат под долниот кревет во кабината на камион.

На граничниот премин Богородица од страна на Службата за мобилни скенери во фабричка празнина во горниот дел на кабината на влекач со македонски регистарски таблички откриени се 9 штеки цигари без акцизни маркички.

Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници заплени околу 19 килограми режан тутун, пронајден при контрола на автомобил во близина на Арачиново. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежен суд.

60 литри моторно масло и 20 филтри за возила се пронајдени во неколку картонски кутии и две ќеси сместени во багажникот и на задното седиште на автомобил кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Дојран.

Царински службеници на граничен премин Дојран во соработка со припадници на граничната полиција Frontex спречија обид за шверц на 94 парчиња облека. Стоката е пронајдена при контрола на автомобил кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин. Истата сторителот ја сокрил на повеќе места - кај резервната гума, кај моторот, под задните и предните седишта, под патосниците и во багажниот простор. Непријавената облека е запленета, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.

Мобилен царински тим при контрола на автомобил што го управувал турски државјанин на граничен премин Блаце откри непријавени 93 разни производи меѓу кои уметнички слики, украси обувки и производи за домаќинство.

Производи за сценски ефекти (100 пакувања од 200 грама композитен титаниум за сценски ефект и 144 садови со течност за огнен ефект) се пронајдени при контрола на збирна стока која била со потекло од Кина, а наменета за увозник од Скопје. Стоката била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија и истата не била опфатена во царинските документи.

Од страна на царински службеници на граничниот премин Блато под седиштата на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата откриени се 20 вакцини за животни Poliovin од 100 ml за кои е потребна дозвола за увоз.

Мобилен царински тим при личен претрес на патник, македонски државјанин, откри 5.200 евра што истиот сакал нелегално да ги изнесе од државата преку граничен премин Богородица. Патникот со себе носел 7.200 евра, при што вратени му се 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи во износ од 5.200 евра се привремено задржани.

348 парчиња детски играчки (возила, топки и ракавици) со ознаки на заштитени трговски марки се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Стоката е откриена од страна на мобилните царински тимови при контрола на камион натоварен со стока со потекло од Кина, а наменета за увозник од Струмица, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Царинска управа

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал.

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото

На Граничен премин Табановце, вчера утрото полициски службеници го лишиле од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана.

Како што информираат од МВР, увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер