„Само Интервју“ 11.07.2024 - На кратко со Зијадин Села 2

Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Министерот за здравство Арбен Таравари негира дека имало неправда кон медицинската сестра

Ниту денеска кога ја посети Детската клиника министерот Таравари не се сретна со медицинската сестра за лично да се информира околу наводниот случај на повредено бебе на оваа клиника. 

Случајот заврши со помирување помеѓу Медицинската сестра и родителите на тримесечното бебе, а интересот во јавноста за него се изгуби откако директорот на клиниката соопшти дека комисијата утврдила дека никој немал намера да му се нанесат повреди на детенцето, какви што беа првичните обвинувања. Таравари кој првично порача доколку има вистина во пласираните информации ќе следуваат санкции, негира дека имало неправда кон сестрата

-Дека сме ја оцрниле сестрата, не е вистина. Јас се надевам дека сестрата ќе ја сретнам на работа кога ќе дојдам четврт пат на Клиниката и ќе разговарам со нејзе. Сега имам доволни информации и гледам дека, најверојатно не е намерно,- изјави, Арбен Таравари – министер за здравство.

Откако владата одлучи да се вработат 600 приватни специјализанти во болниците, министерот истакна дека нивните вработувања ќе одат етапно.

-Од вкупно 647 специјализанти, 300 ќе бидат вработени оваа година. Сега треба да поставиме критериуми и треба да побараме каде има интерес во јавните здравствени установи. 300 други ќе останат за идната година,- изјави, Арбен Таравари – министер за здравство.

Инаку, причина за посетата на Таравари во Клиниката за детски болести беше комплетно реновираната невролошка амбуланта, која според министерот за здравство ќе резултира со поефектна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти.

За таа цел, обезбеден е и нов апарат – ехосонограв, кој овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика.

Битиќи: Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг од над 68%

Предложениот ребаланс на буџетот, од страна на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, предизвикува голема загриженост и страв.

Предложениот ребаланс на буџетот, од страна на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, предизвикува голема загриженост и страв, и не само што не одговара на реалните потреби на нашата економија туку е и крајно опасен за иднината на нашата земја. Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг, од над 68%, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на кој се расправаше за ребаланс на Буџетот.

- Со овој ребаланс јавниот долг ќе стане „чудовишен“ сам по себе. Во делот на приходната страна на Буџетот, кај задолжувањата во странство од првично проектираните 728,6 милиони евра, има зголемување на нови 826,2 милиони евра и тоа е зголемување на јавниот долг кон надвор за околу 100 милиони евра, објасни Фатмир Битиќи .

Во своето обраќање Битиќи посочи дека во проектираниот раст на долгот не може да се препознаат парите од задолжувањето, кое, како што рече пратеникот на СДСМ, „пријателски премиерот ни го договори идните генерации да го отплаќаат кон Унгарија“. Тој предупреди дека јавниот долг ќе се зголеми далеку од проектираните 68% од БДП.

„Овој чудовишен јавен долг ќе отиде и далеку над 68% доколку до крајот на годината. И додека сум кај јавниот долг, да укажам и зошто министерката за финансии и премиерот имаа потреба од лажните политички сензационализми со квалификациите на работењето на владата предводена од СДСМ како „економија во клиничка смрт“, по се’ изгледа од ВМРО ДПМНЕ увиделе дека ако годинава ја „вметнат“ цела милијарда евра од унгарскиот заем, јавниот долг најверојатно ќе скокне до таван, односно ќе биде скоро 75% - па затоа „одлучиле“ тоа да го направат со 500 милиони евра годинава, па 500 милиони евра пред локалните избори“, рече Битиќи.

Битиќи предупреди дека со ребалансот освен што се зголемува задолжувањето кон странство, имаме и раст на долгот внатре во државата.

„Бранот на задолжување е насочен и кон внатре. На приходната страна се предвидува зголемување на приходите по основ на задолжување од претходно предвидените 646,4 милиони евра, на нови 896, 3 милиони евра, односно околу 250 милиони евра ќе бидат заробени од државата од домашните комерцијални банките. Наместо да се води политика која ќе ги поттикнува домашните компании со лесен пристап до кредити од локалните банки, Владата ги "заробува" овие средства, создавајќи финансиска препрека за развој на приватниот сектор. Со оваа политика не само што ќе се намали финансискиот капацитет на банките да поддржуваат нови проекти и инвестиции, туку ги принудува и домашните компании да се задолжуваат во странство, под услови кои се договорени вонсистемски, во четири очи, а којзнае, можеби и на други места. Во предложениот ребаланс може да се препознаат и други прераспределби кои ќе го зголемат притисокот на компаниите своите инвестиции и развој да ги реализираат преку унгарскиот кредит“, рече Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при средбата со Стопанската комора најави инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при средбата со Стопанската комора најави инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании, нешто кое ќе влијае позитивно не само за бизнисот, туку и Бруто домашниот производ, но пред се за отворање на нови работни места.

Премиерот Мицкоски појасни дека компаниите нема да добијат само 250 милиони евра поддршка обезбедени од Унгарија, туку целта е да се креира еден систем кој ќе функционира не од денес за утре, туку и во иднина, како и тоа дека компаниите нема да се делат, туку пари ќе добијат сите кои исполнуваат услови.

„Кажав дека не се само тие 250 милиони евра, имаме една кредитна линија која е на располагање, долго време не се користи, тоа се дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка и како Влада, ја разгледуваме можноста да Владата ја плати каматата, да може бизнисот да го користи кредитот, односно главнината. Тоа се 350 милиони евра и ценам дека оваа помош, барем со уште 350 милиони евра дополнителни кои ќе дојдат од бизнисот, ќе заокружи една инвестициска активност од 700 милиони евра, што ќе влијае врз Бруто домашниот производ и ќе влијае на пазарот на труд, ќе отвори нови работни места“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека се работи за еден комплексен процес кој не е за политички поени или популизам, туку целта е да како држава бидеме водечка во регионот, а не на дното и да гледаме како другите не претркуваат.

„Што се однесува до другиот дијалог со синдикатот ние стоиме на располагање, ќе разговараме и мораме да водиме сметка за иднината на држава, а, затоа што ако немаме здрава економија ќе немаме ни вработени, тоа е многу важно, затоа што колку повеќе се празни државата толку помали ќе се приходите во буџетот, толку помалку пари за плати, пензии, капитални инвестиции, поддршка. Тоа е еден систем, ние мораме тој систем да го организираме да функционира беспрекорно ако сакаме сите заедно да бидеме среќни, тука нема кој добил или изгубил, еден ако изгуби, сите губиме. Мора низ дијалог да седнеме да направиме систем кој ќе функционира и во иднина“, потенцираше премиерот Мицкоски, соопштија од Владата.

притисни ентер