Во Софија изведена „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугариј

Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

-Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана" од Карл Орф којашто се случи во големата сала на НДК во Софија. Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот оркестар на Солун, како и Софискиот филхармониски хор и солистите: нашата ѕвезда Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов, брилјираа на сцената од каде зрачеа силни креативни вибрации, објавија од Македонската филхармонија на нивниот фејсбук профил.

Како што посочуваат, главниот „виновник" за овој спектакуларен концерт, маестралниот диригент Најден Тодоров не ја криеше неизмерната среќа што конечно се реализираше оваа идеја за уметничко сплотување на, како што и самиот истакна, три оркестри во едно тело

-Вечерва се потврди уште еднаш дека музиката не разбира граници, туку ја возвишува секоја идеја и мисла во чиста убавина, потенцираат од Филхармонија.

Покана од Бигорски за заедничко одбележување на именденот на епископ Антаниски г. Партениј

Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. 

Празнувајќи го споменот на отецот меѓу светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, упати покана за заедничко одблежување на овој светол спомен.

-Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон. Во четврток во 6:30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, а во 8:45 часот ќе почне Светата архиерејска Златоустова Литургија, информираа од Бигорскиот манастир.

Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со монашко братство и сестринство. Имајќи го предвид бројот од над илјада верници кои во просек присуствуваа на одбележувањето изминатите години, масовно присуство се очекува и овој пат.

Минатата година на одблежувањето посебна чест беше присуството на Неговото Преосвештенство, епископот Аморејски и игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун г. Никифор, од Вселенската Патријаршија. Со него, допатуваа и студенти по православна теологија од повеќе помесни православни цркви, кои престојувале во студентскиот интернат во Влатадон. в

Фон дер Лајен: ЕУ сака да биде партнер на САД во обезбедувањето праведен и траен мир за Украина

- Финансиски и воено, Европа придонесува (за поддршка на Украина) повеќе од кого било друг. И ќе ја зајакнеме. Сега е критичниот момент, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс. 

Европската Унија сака да биде партнер со САД за да се обезбеди праведен и траен мир за Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по нејзината денешна средба во Брисел со специјалниот американски пратеник за Украина и Русија, генералот Кит Келог.

- Финансиски и воено, Европа придонесува (за поддршка на Украина) повеќе од кого било друг. И ќе ја зајакнеме. Сега е критичниот момент, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Европската комисија соопшти дека на средбата со Келог, Фон дер Лајен ја нагласила клучната улога на ЕУ во обезбедувањето на финансиската стабилност и одбрана на Украина, со вкупна поддршка од 135 милијарди евра (околу 145 милијарди долари), што е повеќе од кој било друг сојузник. Во соопштението се додава дека ова вклучува и 52 милијарди долари воена помош, што е на ниво на американската поддршка за Украина.

- Претседателката фон дер Лајен истакна дека ЕУ целосно го покрива својот дел од воената помош за Украина и е подготвена да направи уште повеќе. Таа ги истакна плановите на Европа за зголемување на производството и трошоците за одбрана, зајакнувајќи ги европските и украинските воени капацитети, се наведува во соопштението.

Потврдувајќи ја посветеноста на ЕУ за праведен и траен мир во Украина, Фон дер Лајен повторила дека при тоа мора да се почитуваат украинските независност, суверенитет и територијален интегритет, поддржани со силни безбедносни гаранции.

- Таа, исто така, ја изрази подготвеноста на ЕУ да работи заедно со САД за да се стави крај на крвопролевањето и да помогне да се обезбеди праведен и траен мир, што Украина и нејзиниот народ со право го заслужуваат, се додава во соопштението на Европската комисија.

Келог вчера во Брисел се сретна и со еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус, како и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

притисни ентер