Пендаровски и Ковачевски се сретнаа со германскиот канцелар Шолц во Њујорк

Претседателот  Пендаровски, премиерот Ковачевски, вицепремиерите Битиќи и Маричиќ и министерот за надворешни работи Османи се во  Соединетите американски држави.

Заедно со нив се и 20-члена придружба односно вработени во нивните кабинети.

Пендровски и Ковачевски имаа одделни средби со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

Од кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата било разговарано за билатералната соработка меѓу Македонија и Германија, европската перспектива на земјава и актуелните случувања во регионот, при што претседателот Пендаровски информираше за текот на пристапните преговори на земјава со Европската унија.

Од владата информираа дека Ковачевски, имал куса средба со Шолц каде било нагласено дека Германија ја очекува Македонија во европската унија посочувајќи на фактот дека евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата.

Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои, е единствена шанса да се осигура квалитет на живот на македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во еу до 2030 година. Во спротивно, како што е оценето, македонските граѓани и државата е извесно дека ќе соочат со изолација на долг рок, што не од интерес ниту на македонија, ниту на регионот и европа.

.

Повеќе од 70 пропалестински демонстранти уапсени во Лондон откако го пробија полицискиот кордон

Повеќе од 70 пропалестински демонстранти беа уапсени на лондонскиот плоштад Трафалгар под сомнение дека ги прекршиле правилата на протестот, откако толпата го проби полицискиот кордон, јави ДПА.

Протестот за солидарност на Палестинците требаше да се одржи на една локација, откако полицијата ги спречи плановите на организаторите да одржат марш во близина на седиштето на Би-Би-Си и синагогата.

Илјадници демонстранти, меѓу кои и поранешниот лидер на Лабуристичката партија Џереми Корбин, маршираа низ плоштадот Трафалгар по говорите на митингот.

Демонстрантите се судрија со полицискиот кордон и на крајот го пробија, а оние кои се најдоа на плоштадот подоцна беа турнати на едниот крај.

Лондонската полиција ја предупреди толпата да се разотиде или да се соочи со апсење, а подоцна објави дека 77 од нив се уапсени.

Најстудено во Берово -13 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено со измерени -13 степени целзиусови било во Берово, а најтопло со измерен 1 степен на Попова Шапка. 

Според податоците на УХМР, -8 степени се измерени во Крива Паланка, -6 во Битола и Прилеп, -5 во Виница и Маврови Анови, -3 во Тетово и Штип, -2 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Претор, -1 во Демир Капија, и 0 степени целзиусови во Гевгелија и Крушево

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 52 сантиметри на Попова Шапка, 45 во Маврови Анови, 18 во Битола, 11 во Тетово, 8 во Демир Капија, 7 во Штип и Берово, и 2 сантиметри во Крива Паланка.

Претпладнево е студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во котлините со магла до 4, а во останатиот дел од земјата ќе биде во интервал од 2 до 12 степени.

Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Ограбен автомобил на бугарски државјанин во Скопје, осомничени двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години кои се осомничени дека заедно извршиле – Тешка кражба, кривично дело казниво според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Обвинителството, двете лица на 10 јануари, на паркинг на булеварот „Илинденска”, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој.

-Од автомобилот БМВ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог со кој побарал двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.

притисни ентер