Нови 29 болни од коронавирусот, вкупната бројка се искачи на 177

По два дена релативно намалување на бројот на новозаболени, денеска министерството за здравство објави дека последното деноноќие регистриани се нови 29 случаи, со што вкупниот број се искачи на 177.

Најмногу повторно им во Скопје - 20, со кои бројката во главниот град сега изнасува 108. Од досегашните жаришта, три новозаболени има и во Куманово, со кои бројот достигна 11 и еден во Дебар со кој вкуно во кризното подраќје веќе има 41 пациент. Први два случаи се регистриани и во Прилеп, каде според информациите од тамошниот Центар за јавно здравје, заболени се сопружници над 60 годишна возраст, кои не патувале никаде, но во Копаоник бил нивниот син. Првите три случаи се регистрирани и во Велес.

Во пунктовите низ Македонија дневно се тестираат по околу 100-тина граѓани со сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење– симптоми кои упатуваат на можено присуство на коронавирсуот. Матичните лекари апелираат граѓаните да не одат во ординација, туку да се јавуваат на телефон.

-Има пациенти што доаѓаат и велат само да земам ливче за крв.

Треба да се зголеми свеста кај граѓаните.

Матичните лекари бараат да им се дадат маски, ракавици и средства за дезинфекција од државните резерви, бидејќи нема од каде да купат.

Досега заболени се десетина лекари и медицински сестри, меѓу кои и двајца матични лекари. Лекаритеапелираат до сите граѓани - да се придржуваат до препораките, бидејќи, со почитување на мерките секој од нас може да спаси живот.

притисни ентер