Норвешка ублажува некои од мерките против коронавирусот

Норвешка ќе укине некои од воведените ограничувања за спречување на ширењето на коронавирус, објави норвешката премиерка.

„Заедно го ставаме вирусот под контрола за да можеме малку да го отвориме нашето општество “, рече Ерна Солберг на прес-конференција.

Во понеделникот, нејзиниот министер за здравство, повикувајќи се на ниските стапки на пренесување на болеста, рече дека епидемијата во Норвешка е „под контрола“.

Норвешка беше меѓу првите што затвори голем број приватни и јавни објекти за да го спречи ширењето на „Ковид-19“, предизвикувајќи пад на економијата и отпуштања на стотици илјади работници.

Тековните ограничувања, важечки до 13 април, вклучуваат затворање на градинките и училиштата, одбивање на влез за странци кои не живеат и работат во Норвешка, и забрана за одење во викендички за одмор.

Градинките ќе бидат отворени меѓу 20 и 27 април, училиштата од прво до четврто одделение на 27 април, а Норвежаните ќе можат да ги отворат своите домови од 20 април.

Во исто време, тие ќе треба да продолжат да работат од дома, а граѓаните ќе треба да се навикнат на мерките против заразата на „долг рок“, рече Солберг.

притисни ентер