,,Нема правда , нема мир” – десетици илјади на антирасистички протест во Лондон (ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Лондон извикувајќи „нема правда, нема мир, нема расистичка полиција“ и „црни животи“ за да протестираат против расизмот по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Флојд почина во Минеаполис на 25 мај откако бел полицаец му клечеше на вратот скоро девет минути.

Неговата смрт предизвика бес во политички и расно поделените САД , на пет месеци пред претседателските избори и ги оживеа протестите во врска со убиството на полицијата на Афроамериканците во Америка. Оттогаш, низ целиот свет се одржуваат протести за борба против расизмот, од Париз до Најроби.

Во Хајд Парк, многу демонстранти носеа маски и беа облечени во црвена боја, извикувајќи „Џорџ Флојд“ и „црните животи се важни“. Некои демонстранти носеа транспаренти на кои пишуваше „Велика Британија не е невина: мал расист сè уште е расист“, „Расизмот е глобално прашање“ и „Ако не бевте лути, не обрнувавте внимание“.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека црните животи се вредни и го поддржува правото на протест притоа почитувајќи го законот и социјалната дистанца.

„Секако, црните животи се важни и јас целосно го разбирам гневот, тагата што се чувствува не само во Америка, туку и во целиот свет, како и во нашата земја“, рече тој во парламентот.

Шефот на британската полиција изјави дека биле шокирани од начинот на кој Флојд го ​​загубил животот и насилството што се случило во американските градови, но ги повика потенцијалните демонстранти во Велика Британија да соработуваат со полицијата и потсети дека се уште се воспоставени епидемиолошките мерки.


Русите се приближуваат до бројот од 750.000 ресгитрирани случаи на Ковид-19

Бројот на случаи со коронавирус во изминатите 24 часа во Русија порасна за 6.422 на вкупно 746.369, соопшти денес Центарот за борба против коронавирусот.

Според податоците од кризниот центар, во изминатите девет дена, дневниот раст на заразени не надминал 0,9%, пренесе „Тасс“.

Во Москва се забележани 628 нови случаи на Ковид-19, додека во Санкт Петербург 264.

Според наводите на кризниот центар, до сега се излекувале вкупно 532.249 луѓе.

Во текот на изминатите 24 часа починале 156 лица, што е помалку во однос на вчера, кога тој број изнесува 175.

Вкупниот број на починале во Русија изнесува 11.770.

Чиле со кучиња ќе трага по заболени со коронавирус

Полицијата од Чиле започна да дресира кучиња за пронаоѓање на заболени со корона, кучињата  го откриваат присуството на вирусот преку потта на пациентите.

Обуката на кучињата започнала пред еден месец на примероци од пот земени од пациенти заболени со корона кои се на болничко лекување.

Три златни ретривери и еден лабрадор, стари меѓу 4 и 5 години кои досега се користеле за пронаоѓање на дрога, експлозив и исчезнати лица се првите кучиња на оваа обука.

Овој програм на обука настанал во соработка на чилеанската полиција со карабинерите и универзитетските стручњаци. Слични иницијативи неодамна започнале во Франција и Велика Британија.

Кучињата имаат 330 милиони сензори за мирис и нивната способност за откривање е 50 пати поголема од способноста на луѓето.

Лице лишено од слобода за нарушување на јавниот ред и мир во Скопје

Лицето е лишево од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.

По отворањето на гласачките места досега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов", кога лицето В.Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници од избирачкиот одбор, а во еден момент ја потегнал за чантата претставничката во ИО, а потоа со мобилен телефон ја фотографирал просторијата, информираше денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Лицето е лишево од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.

Ангеловски истакна дека гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите за гласање, а од неправилности што се пријавени во МВР, има неколку случаи на агитирање, носење гласачи на гласање, испишани графити на избирачки места, како и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.

– Ова се добиени пријави по кои постапува МВР и откако ќе се утврдат фактите, соодветно ќе ја информираме јавноста, нагласи портпаролот на МВР.

притисни ентер