„Недела неработен ден“ пред Уставен, ССМ се заканува со штрајкови

Сојузот на синдикатите се заканува со штрајкови и протести, доколку на Уставен падне Законот за недела неработен ден.

Претседателството на ССМ одржало вонреден состанок по информацијата дека Стопанската комора на Македонија ги оспорила измените на Законот, со образоложение дека тие се спротивни на слободата и пазарот на претприемништво.

Од Стопанската комора бараат сопственикот на компанијата да има право сам да одлучува дали фирмата ќе работи или не, а од друга страна да се зголемат инспекциските контроли во однос на контролата за плаќање на зголемените дневници за работа во недела. Нема информација кога Уставниот суд ќе одлучува за иницијативата..

Дали евентуално ново вето од Бугарија ќе влијае на динамиката на политичките процеси дома?

 И доколку бугарското вето за Македонија во јуни остане, политичка дестабилизација и предвремени избори нема да има, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Според него Македонија е заложник на датуми иако ги има исполнето сите критериуми за почеток на преговори со ЕУ, а функционирањето на една Влада не може да се врзува само со еден датум во текот на годината.

За вонредниот коалициски совет којшто бугарскиот премиер Петков го свика во Софија за односите со Скопје, Ковачевски вели дека тоа е внатрешно прашање и нема ништо ново во преговорите меѓу двете страни, ниту заеднички прифатлив документ за кревање на ветото.

-Функционирањето и работата на една Влада не може да се врзува само со еден датум којшто е како некоја отсечка во текот на годината. Ние предолго време бевме заложници на датуми, бидејќи секогаш се очекуваше некаков датум којшто не зависеше од нас бидејќи ако ги погледнете извештаите за Македонија тогаш ние имаме четири последователни позитивни извештаи. Немам информации околу коалицискиот совет во Софија, бидејќи е коалициски совето во Бугарија. Доколку има било каков напредок, ќе биде споделено на ниво на министерствта за надворешни работи. Во однос на Владата, таа е стабилна и има парламентрано мнозинство од 64 пратеници кое работи на програмските определби, изјави Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од намерата преку активна блокада на Собранието да издејствуваат предвремени парламентрани избори. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски не прецизираше дали планираат да ја променат тактиката на делување по последните постапки од собранискиот спикер Џафери и интерпелацијата што ја најавија за неговата работа. Во однесувањето на Џафери гледа обид да предизвика инцидент.

-Полн е за жал спикерот со примитивизам, и тоа навистина делува фрустрирачки за сите граѓани. Не за нас што се срамиме од тие недолични постапувања што се занимаваме со политика, туку сите граѓани. Еве, прашајте ги луѓето овде и насекаде. Тој примитивизам навистина згрозува. Но, морам да кажам не е наивен. Затоа што тој примитивизам има своја цел, а таа цел е да предизвика инцидент налик на оној од 27-ми април, и да може овој примитивец заедно со сите тие кои што го поддржуваат да бидат претставени во едно поинакво светло од тоа што се. Треба да знаат тие сценаристите и организаторите дека ВМРО-ДПМНЕ е многу поискусна, и ВМРО-ДПМНЕ е многу поорганизирана, и нема намера да ја продолжи оваа агонија во Македонија, изјави Мицкоски.

Освен активната блокада на Собранието, од ВМРО-ДПМНЕ најавија и протест на 18 јуни за како што велат уривање на Владата и одржување предвремени избори. Тој ќе се одржи неколку дена пред редовниот јунски самит на ЕУ на кој се поизвесно е дека бугарското вето за Македонија ќе биде потврдено.

ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ ја завршува  рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје, од утре од 17 часот летовите се нормализираат  .

ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие.

Градежните работи за рехабилитација на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје почнаа на 28-ми март и оттогаш досега распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата.

„Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид за првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес", изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје е долга 2.950 метри и широка 45 метри, а овој проект за рехабилитација на пистата е прв по реконструкцијата на пистата на скопскиот аеродром во 1996 година, кога истиот бил целосно затворен за сообраќај во период од 2,5 месеци, а авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.

ТАВ Македонија ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот Аеродром Скопје.

На веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во категоријата „Летови" (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што ТАВ Македонија ги добива од авиокомпаниите.

Обвинителството бара притвор за осомничените во „делчевски ниви“

Обвинителството бара притвор за шест од седумте осомничени во случајот „Делчевски ниви“, за кој вчера управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава. 

Тие предпладнево беа донесени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Таму е Михајло Видимлиски, михајло, дали заврши распитот, се знае ли одлуката на судот?

Во случајот „Делчевски ниви“, судуммина се осомничени за измама вредна 1,6 милиони евра. Двајца од нив се управители на „ЕВН Електрани Македонија“, според информациите станува збор за Игор Гиевски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Мирослав Митровски, кој е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Тие како управители направиле анализа со лажни и невистините податоци за пренамена на земјиштето кое било откупувано од ЕВН, а со анализата управителите свесно ставиле многу повисока цена од реалната пазарна. На тој начин управителите го довеле во заблуда Управниот одбор на компанијата, да купи земјиште кое не можело да се пренамени од земјоделско во градежно иако било купувано за таа намена. Станува збор за 48 катастарски парцели во реонот на Делчево, Ветрен, Габрово и Берово, од кои 29 биле во сопственост на останатите осомничени.

-Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето. Правното лице со вкупна проценета пазарна вредност од 35.000 евра, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 1,6 милиони евра. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените.- ЈОРМ.

СДСМ на прес конференција објваи дека меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, поранашен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Влатко Илиевски, за кој владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

-Сите овие луѓе, освен што се осомничени за криминал, се луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и секако блиски на Мицкоски. Клучно прашање е каква е улогата на Христијан Мицкоски во оваа афера? Јавноста очекува одговори. Јавноста очекува одговорност и целосно расчитување на оваа афера. ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз институциите туку да ги остави да ја расчистат оваа афера и сите што го прекршиле законот да одговараат. – Дарко Каевски - пратеник и портпарол на СДСМ.

За лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наводите на СДСМ се како што вели, лаги и измислици.

-Четири и пол години сум претседател на партијата и најчесто тие што ги конструираат завршуваат со судски пресуди и тие треба да се извинат. Така беше во минатото, ќе биде понатаму. Знаат дека ќе одговараат за криминалот, па затоа сега лажат. Тоа мене ме мотивира за да работам уште повеќе како досега, чесно и посветено. Сакаат да ја дефокусираат јавноста. Да бидам прецизен, верувам во презумција на невиност, но секој што се огрешил треба да одговара пред судот, родена сестра или брат ако се треба да одговараат. – Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Истрагата на скопското обвинителство се отвора откако вчера Финансиската полиција извести дека е поднесена кривична пријава за седуммина, од кои двајца во својство на управители на ЕВН Електрани за сторено кривично дело измама во служба за купопродажба на ниви во Делчево. Останатите петмина се осомничени за помагање.

притисни ентер