„НаТочак" бара укинување на усвоениот регулациски план за Влае 2

Граѓанската иницијатива „НаТочак" бара итно укинување на регулацискиот план за Влае 2 и негово враќање на доработка (Градска четврт СЗ 19) затоа што смета дека ќе се оневозможи формирање  функционална велосипедска мрежа во овој дел на градот.

-Во моментот, во овој дел постои државно земјиште и потенцијал за изградба на попречна велосипедска врска низ Влае, линеарен парк за жителите и безбедни тротоари до училиштето „Димо Хаџи Димов". Велосипедската врска би можела да поврзе две постоечки велосипедски патеки на растојание од речиси еден километар, но, со вчерашното усвојување на планот од страна на Град Скопје, оваа можност ќе се укине, бидејќи тој слободен простор се пренаменува за домување. Ова е воедно и единствената можност за поврзување на бул. „Партизански одреди" и ул. „Васил Чакаларов" со попречна патека, наведува Граѓанската иницијатива „НаТочак".

Во овој план, опфатенa e населбата Влае 2 – од Порта Влае на запад до реката Вардар на исток. Тој ги вклучува и просторот спроти ОУ „Димо Хаџи Димов" и „Кино Влае", како и просторот покрај улицата „Ангел Динев" кои, исто така, од јавен простор се претвораат во станбен.

Иницијативата извесно време работи на предлог-решение за овој простор кој предвидува и линеарен парк, но за овој регулациски план, како што велат, дознале вчера, на самиот ден на закажаната седница на Град Скопје, така што немале можност да дадат предлог.

– Ако градот се грижи за јавниот интерес и ако навистина се залагаат за велосипедско Скопје и за Скопје – зелена престолнина, овој план мора да биде повлечен. Доколку овој простор остане јавна површина и се уреди со парк, зеленилото би било трипати поголемо од сега предвиденото со новиот план, велат од иницијативата./МИА/

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер