Националната платформа за женско претприемништво ќе делува за одржлив економски раст - Канал 5

Националната платформа за женско претприемништво ќе делува за одржлив економски раст

Главната цел на платформата е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво.

 Националната платформа за женско претприемништво ќе делува за одржлив економски раст

Националната платформа за женско претпримништво, финансиран од ИПА Програмата (Програма за претпристапна помош) на Европската Унија за Граѓанско општество и медиуми, ќе ги интензивира дијалогот, структурната соработка и довербата помеѓу женското претприемништво, националата и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја.

Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст во две насоки и тоа развој на средина за поддршка за женско претприемништво што ќе им помогне на жените да започнат и да ги зголемат своите деловни активности, како и да се справат со нивните повеќекратни улоги, како и поддршка на здруженијата и граѓанските организации преку подобрување на застапувањето и услугите за женско претприемништво.

Главната цел на платформата е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво со спојување во единствена мрежа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Исполнувањето на главната цел ќе придонесе за позиционирање на националната платформа и ќе резултира во подобри политики за женско претприемништво и неговиот удел во создавањето работни места, со што влијае врз зајакнување на економскиот развој.

Платформата ќе биде раководена од конзорциум од 4 члена, предводена од Здружението на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на стопански комори на Македонија и Националната федерација на фармери.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот.

Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ракетна програма, но е против планот за соборување на Исламската Република со сила.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

Имајќи ја предвид, пред се, опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк  денеска ќе биде отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Концептот на „Сенки“ произлегува од потребата на современото општество да се одговори на прашањето за смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата. Живеејќи во време на технолошка револуција и предоминатна индустриска експанзија, каде трговските војни и акумулацијата на капиталот стануваат врвен приоритет, проектот суштински го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби принуден на паравоено преживување.

- Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите?, вели авторото Павлески.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јуни.

Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција.

притисни ентер