“На кавга со Иван“ - Ристо Никовски - 02.07.2025 - втор дел - Канал 5

Словачкиот премиер нема да присуствува на судењето на неговиот атентатор

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска објави дека нема да присуствува на судењето за обидот за негово убиство и јасно порача дека му простил на напаѓачот, објави словачката агенција ТАСР.

Словачкиот премиер нема да присуствува на судењето на неговиот атентатор

Фицо го опиша сторителот како опозициски активист. Во овој поглед, тој рече дека медиумите и опозицијата поттикнуваат омраза и затоа се плаши од уште еден напад.

-Не сум интервенирал активно во истрагата и нема да го сторам тоа за време на судењето. Ме застапува искусниот адвокат Дејвид Линднер. Верувам дека нема да биде потребно да бидам испрашуван бидејќи судот веќе ја прифати видео-снимката од моето испрашување како доказ, рече словачкиот премиер, додавајќи дека не е трауматизиран од нападот и продолжува да ги исполнува своите должности со целосна посветеност.

Фицо повтори дека му простил на обвинетиот Јурај Ц. и нема да бара одмазда.

-Би било фер доколку сите оние што стојат зад напаѓачот бидат изведени пред лицето на правдата, рече словачкиот премиер, повторувајќи ја својата критика кон медиумите и опозициските политичари за ширење омраза.

Фицо верува дека уште еден напад врз него е само прашање на време и им посакува на сите иста среќа како што имаше тој во обидот за атентат.

Судењето на Јурај Ц., кој сериозно го рани премиерот во градот Хандлова на 15 мај минатата година, започна оваа недела, но беше одложено до август.

Јанчев: Јавен повик од О. Кавадарци за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари

Сакаш да бидеш дел од тимот што спасува животи?

Јанчев: Јавен повик од О. Кавадарци за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари

Ова е твојата шанса да зачекориш во професијата што бара храброст, посветеност и срце полно со волја да помогнеш!

Заинтересираните кандидати за пожарникари потребно е да се обратат во Центар за вработување каде електронски со помош на вработените ќе ги потполнат потребните документи (изјава и пријава) а со себе потребно е да понесат и потврда за здравствената состојба на матичен лекар.

[👨‍🚒] Не се работи само за работа — се работи за мисија.

Биди херој во сопствената приказна. Пријави се!, објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Меси постави нов рекорд

 Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, и покрај своите 38 години, Лионел Меси продолжува да поставува рекорди.

Меси постави нов рекорд

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, и покрај своите 38 години, Лионел Меси продолжува да поставува рекорди, и изминатата ноќ стана првиот играч во историјата на американската МЛС лига кој на четири последователни прволигашки натпревари постигнал по два гола.

Неговиот Интер Мајами ноќта меѓу средата и четврток го совлада Њу Ингланд со 2-1 на гостински терен, а Меси беше прецизен во 27 и 38 минута.

Претходно, Меси постигна два гола во победите на домашен и на гостински терен од 4-2 и 4-1 против Монтреал, како и во триумфот од 5-1 против Колумбус.

Меси оваа сезона досега вкупно има постигнато 14 голови за Интер Мајами и е втор на листата стрелци заd Сем Сариџ од Нешвил со 16 голови. Покрај тоа, Меси има и шест асистенции.

притисни ентер