“На кавга со Иван / на кавга со Мирчевски” вечерва со Арбр Адеми

“На кавга со Иван / на кавга со Мирчевски” вечерва ќе има двајца дебатери, потпретседателот и еден од портпаролите на ДУИ , д-р по трговско право , Арбр Адеми, и мојата “тврдоглавост” - Иван С. Мирчевски

Во 21.30 на 5CAST на Youtube , ќе ги видите одговорите на моите прашања - зошто ДУИ е “претплатена” на учество во Владата на Македонија, кој ги “вжешти емоциите” кај македонските Албанци како што тврди Бујар Османи, како тоа ДУИ знае дека прегласувањето на 22 мај ќе биде наместено, дали ДУИ е “заслужен” за конечно обединувањето на Македонците и другите етнички заедници како и уште неколку прашања кои сите во Македонија ги размислуваат а немале ниту можност ниту храброст да ги прашаат јавно.

Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија

Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија.

Андон Чибишев е новиот директор на Клиниката за токсикологија, а утре ќе биде назначен нов директор на Клиниката за онкологија, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој беше во посета на Здравствениот дом Скопје од каде најави вработувања во здравството.

- Професор Чибишев ќе биде новиот директор на Токсикологија. Исто така се надевам дека утре ќе го назначиме и новиот директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорката е поминато кон средината на јуни. На Неврологија, нов директор е поранешниот министер за здравство д-р Фатмир Меџити, изјави Таравари.

Министерот за здравство потврди дека се сменети организациските директори на девет клиники, меѓу кои и на Токсикологија. Потврди дека се пронајдени неправилности во работењето на економската директорка Бесија Иљази на Токсикологија.

– Најверојатно да, службите го имаат тоа. Секако дека ние одлучивме веднаш да се разреши и да се назначи нов директор. Нема веќе да има економски директори, тоа е целта, рече Таравари.

[Изјава на в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по средбата со премиерот Димитар Ковачевски. ]

Многу скоро, како што најави, ќе биде предложен законот за да нема економски директори на клиниките.

– Многу скоро ќе предложам нов закон за здравствена заштита во којшто нема да има економски директори во сите установи. Кај што има, ако не се лажам повеќе од 100 вработени, така е законот, ќе предвидиме да има само професионален еден директор на клиника или болница или јавна здравствена установа, рече Таравари.

Се надева дека што побргу ќе бидат синхронизирани и систематизациите и ќе се донесе нова одлука за спојување на цел Клинички центар во иста установа.

- Истото важи и за здравствените домови и за болниците. Зборувам за помалите градови каде што има општа болница и здравствен дом, ќе бидат споени во едно што ќе се вика општа болница. Нема да има двајца, тројца, четворица директори, туку само еден, како што беше порано, рече Таравари.

На Трамп му беше претставен нов план за мир во Украина

Двајца од клучните советници на Доналд Трамп му претставија план за ставање крај на руската војна во Украина – доколку победи на претседателските избори,.

Што вклучува и соопштување на Украина дека ќе добие дополнително американско оружје само ако влезе во мировни преговори со Русија.

Во исто време САД би ја предупредиле москва дека секое одбивање да преговара ќе резултира со зголемена американска поддршка за Украина, изјави во интервју пензионираниот генерал-полковник кит келог, еден од советниците на трамп за национална безбедност.

Швајцарска донација за ТППЕ Берово

 Општина Берово обезбеди швајцарска донација за  унапредување на системот за противпожарна заштита, информираше градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски. 

Тој заедно со делегација од општина Берово престојува во Швајцарија, каде што ја прими донацијата, противпожарна скала, што ќе биде дополнителна опрема за Територијалната противпожарна единица од Берово во борбата со справување со пожарите.

-Преку донација од Швајцарската фирма Chatel-Saint-Denis, го унапредуваме системот за противпожарна заштита во Берово

Новата противпожарна опрема, е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја и за заштитата на животната средина, истакна Пекевски.

Швајцарија како што додаде долги години е поддржувач на Берово, во областа на заштита и зачувување на природата.

- Се надевам дека и оваа донација ќе биде од голема корист во справувањето со елементарни непогоди. Упатувам благодарност за донацијата, која ќе ни помогне во ефикасната противпожарна заштита за зачувувањето на природните ресурси, додаде Пекевски.

Изрази надеж дека ова е само почеток на соработката која во иднина ќе се унапредува.

притисни ентер