„Монструм“ и „ Диво насеље“ одат на меѓународен судски мониторинг, судската фела револтирана

Од Алтернатива не објаснуваат какви се точно нивните очекувања од меѓународната истрага што ја бараат за случаите Монструм, Алфа, Диво Насеље и Малиот Алмир. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Католичката црква во Ново Мексико ќе исплати над 120 мил.долари на жртви на сексуално насилство

Надбискупијата Санта Фе, Ново Мексико, постигна привремена спогодба за 121,5 милиони долари за барањата на жртвите на сексуално насилство извршено од католички свештеници.

Тоа е една од најголемите суми според договорот поврзан со сексуален напад во Римокатоличката црква во САД. Парите ќе бидат искористени за исплата на отштета на жртвите во парохиите во северниот дел на државата, се наведува во писмото на надбискупијата до верниците.

– Договорот опфаќа повеќе од 350 жртви и докажаните дела на 74 свештеници, изјави Брајан Смот, адвокат на речиси една третина од тужителите.

Повеќето сексуални напади се случиле пред повеќе од четири децении. Минатиот месец бискупијата Камден, Њу Џерси, се согласи да плати вкупно 87,5 милиони за вонсудско решавање на жалбите од 300 жртви на сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници, објавија тогаш локалните медиуми.

Герасимовски:Со враќање на полициските редари се зголемува безбедноста во секое маало во Центар

Во соработка со Министерството за внатрешни работи, во секое маало во Општина Центар се враќаат полициските редари-позорникари, соопшти пред граѓаните во населбата Пролет градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Тој во присуство на двајца полициски службеници и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје рече дека со овие маалски патроли, кои се враќаат најпрво во Општина Центар, ќе се зголеми безбедноста и спокојот на граѓаните.

-Враќањето на позорникарите во маалата беше барање, но и реална потреба за граѓаните и мило ми е што со МВР успеавме да го реализираме. Отсега секое маало во Општина Центар ќе биде покриено со еден до двајца позорникари кои ќе патролираат и ќе ги заштитуваат граѓаните. Доколку ги сретнете низ вашето маало запознајте се и побарајте совети како да го заштитите вашиот дом од кражби, кои се сѐ почести во летниот период. Во минатото маалските полицајци беа симбол на безбедноста во едно маало, а родителите беа сигурни да ги пуштаат децата на улица безгрижно да играат. Се надевам дека оваа сигурност повторно ќе ни се врати, затоа што полицајците позорникари ќе бидат нашите пријатели – заштитници, рече Герасимовски пред граѓаните.

Полициските службеници пред граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите, при што ги поттикнаа доколку забележат нешто сомнително, да го пријават на телефонскиот број 192.

Маалскиот-полицаец треба да превенира и да обезбеди безгрижна детска игра надвор и безбедно враќање на тинејџерите дома. Тој го заштитува животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, спречува извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, укажува потребна помош и заштита на граѓаните и врши набљудување на подрачјето и безбедносната состојба во населбата.

Бразилските правници ги известија ОН дека Болсонаро ги загрозува демократијата и судството

Група бразилски адвокати и правни експерти синоќа испратија петиција до Обединети нации во која се наведува дека бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја загрозува демократијата и независноста на бразилското судство додека се подготвува за изборите во октомври.

– Група од 80 адвокати и правни истражувачи апелираа до специјалниот известувач на ОН за независност на судиите и адвокатот Диего Гарсиу-Сајан да го посети Бразил и да поднесе извештај за тековните напади врз Врховниот суд и Врховниот изборен суд, кој ги надгледуваат изборите. Судовите се соочуваат со невидена кампања на недоверба и јавни закани против судиите кои не се согласуваат со владината политика, се истакнува во петиција.

Болсонаро постојано тврди дека бразилскиот систем на гласање е подложен на измама, без да обезбеди никакви докази, иако беше избран во 2018 година со електронски машини воведени пред 26 години.

Во петицијата се истакнува и дека Болсонаро упатил низа директни закани до Врховниот суд, па дури и се закануваше на одредени судии.

– Бразилското правосудство е под опсада. Независноста на судството во Бразил се соочува со невидени предизвици од демократизацијата во 80-тите години, се посочува во петицијата.

Нападите на Болсонар врз судството и бразилскиот електронски систем за гласање ги зголемија стравувањата дека тој нема да го прифати поразот во октомври. Според анкетите Болсонаро заостанува зад неговиот левичарски ривал, поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

притисни ентер