Митрески утре ќе ги распише претседателските и, најверојатно, парламентарните избори

Собранискиот спикер Јован Митрески утре ќе стави потпис на одлуката за распишување на претседателските, а според најавите, и на парламентарните избори, иако крајниот рок истекува за две недели.

Со објавување на таквата одлука во Службен весник, согласно Законот за спречување на корупцијата, почнува забраната за вработувања во државните и јавните институции, исплата на бонус плати и бонус пензии, а не е дозволено ниту објавување тендери и започнување на изградби со државни пари. Митрески во интервју за државната МИА рече дека Собранието ќе работи се до почеток на изборната кампања, а дотогаш очекува консензус меѓу партиите за измените во Изборниот законик кои засега се се уште во драфт верзија подготвена од работна група на Министерството за правда.

-Знаете дека Изборниот законик се менува со консензус. Очекувам да се постигне консензус помеѓу сите пратенички групи. Имам информации дека се водат преговори, дека се блиску до консензус посебно во делот на препораките на ОБСЕ/ОДИХР не сум слушнал досега дека има какви било забелешки. На пример во 2020 година сме имале измени на Изборниот законик на самиот ден на распуштање на Собранието, така што кога и да дојде предлогот ќе го ставам веднаш да се разгледува на седница на Собрание за да се донесе конечна одлука,- Јован Митрески – претседател на Собрание.

Под знак прашалник е и изборот на седмиот член на ДИК, процес заглавен во Комисијата за избори и именувања, кој дополнително се искомплицира по расколот во Алијанса за Албанците. Митрески и натаму смета дека најдобро е на пленарна седница да се пратат предлозите за двајцата кандидати, едниот од Европскиот сојуз за промени, другиот од партијата на Арјанит Хоџа, а гласање да има само тогаш кога ќе има обезбедено сигурно двотретинско мнозинство.

Ѓоковиќ воодушеви стотици луѓе во трговски центар во САД (ВИДЕО)

Деновиве, додека тренираше на Универзитетот UCLA, Новак Ѓоковиќ сподели видео во кое го „рекламира“ производот SILA на компанијата „Waterdrop“ чиј амбасадор е.

Станува збор за коцки за хидратација со електорилит кои се „спонзорирани“ од самото име на најголемиот светски тенисер во историјата, па не е чудно што Ноле ја посети продавницата на споменатата компанија во Лос Анџелес.

По тој повод го предизвика општа еуфорија кај присутните, кои побрзаа да се фотографираат со Србинот кој во раце држеше кутија „СИЛА“.

Она што е исто така интересно е дека Ѓоковиќ најпрвин се упатил кон толпата каде што биле децата, а пред да влезе во трговскиот центар се поздравил со сите.

Секако, многу брзо потпишуваше автограми и се дружеше со обожавателите, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во видеото подолу:

Заврши драмата во Италија: По 44 часа закана, момче се откажа до намерата да скокне од балкон

Млад човек (23) од Пескара, Италија, кој се заканувал дека ќе скокне од терасата на својот стан, по 44 часа преговори се откажал под изговор дека е уморен.

„Доста ми е, уморен сум“, им рекол на полицајците и се симнал од оградата на терасата на која балансирал речиси два дена, објави АНСА.

Момчето од 28 февруари во 14 часот и 30 минути стоело на работ од оградата на терасата, а причините се уште не се познати.

Откако се симнал, влегол во куќата и им ја отворил вратата на специјалците на кои им рекол дека му е доста. Го завиткале во ќебе и заедно со кучето го извадиле од станот.

Екипата на итната помош му пружила соодветна нега и тој е префрлен во болница.

Георгина направи фустан од дресот на Роналдо и прошета по модната писта (ФОТО)

Георгина Родригез, партнерката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, привлече големо внимание на Модната недела во Париз поради изборот на облека во која прошета по пистата.

Оваа шпанска убавица вчера вечер беше на модната писта, на ревијата на Vetements, облечена во фустан од дресот на Роналдо со потпис и посебна посвета на актуелниот играч на Ал Наср.

Медиумите пишуваат дека овој фустан е пример за „блоккор“ кој комбинира спортска мода со урбана облека, а на задната страна пишувало:

- За љубовта на мојот живот, Георгина и Ветементс - потпишан од Кристијано Роналдо.

На Георгина, инаку, не и е непозната Модната недела, бидејќи претходно присуствувала на некои од најголемите модни ревии. Сепак, ова е прв пат да прошета со некој од брендовите. Сите се согласуваат дека нема да и биде последен настап.

притисни ентер