Милошоски: Османи јавно да ги објави македонските одговори на бугарските барања

Барам, бидејќи пратениците имаат надлежност да бидат контролор на извршната власт, во контекст на евроинтеграциите и договорот за добрососедство склучен меѓу Македонија и Бугарија .

Пратеникот и претседател на Собраниската комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски, бара да се одржи јавна седница на која министерот за надворешни работи, Бујар Османи треба да ги презентира македонските одговори на т.н. бугарски „предлог 5+1“.

Денес би сакал да Ве известам за писмото со кое што бараме од министерот за надворешни работи да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да Ни ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот план 5+1.

Ова го бараме затоа што сметаме дека не е транспарентно и не е демократски доколку пратениците во софиското Собрание знаат она што македонските пратеници не го знаат и македонската јавност има право преку претставниците во Законодавниот дом да дознае за што се работи.

Дали има нешто да се крие или има нешто да се разговара со сите пратеници?

Ова барање го претставувам денес јавно и од една дополнителна причина, бидејќи министерот за надворешни работи Бујар Османи, иако е скаран со неговиот колега Никола Димитров, сепак минатиот декември покажа дека имаат исти навики. Минатиот декември, минатата година му доставивме барање да се обрати пред Комисијата за надворешна политика, но за жал истото го игнорираше и не се појави, а е негова законска обврска.

Затоа сметам дека со порака преку јавноста, освен вака со писмено барање, ќе успееме да ги доведеме министрите во Собранието каде што имаат законска надлежност, да дадат отчет за нивната работа, а Собранието да биде надзор и контрола.

Тој предлага оваа седница да биде отворена за јавноста и да се одржи што поскоро.

Ума Турман ги воодушеви сите на годишнината од култниот филм во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Ума Турман ја воодушеви публиката во Лос Анџелес на 30-годишнината од прикажувањето на „Pulp Fiction“.

53-годишната актерка за оваа пригода избра црна облека. Во споменатиот филм Ума го отелотвори ликот на Миа Валас, а многу фанови напишаа дека оттогаш таа речиси не се променила. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека изгледа многу младешко и дека „никогаш не изгледала толку добро“.

Инаку, Ума доби и номинација за најдобра споредна женска улога за улогата на Миа Валас.

Pulp Fiction е филм на Квентин Тарантино од 1994 година. Беше номиниран за седум Оскари, вклучително и за најдобар филм. Во филмот глуми и Џон Траволта.

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

притисни ентер